Гастрабајтерот Иван: За вас сме сељаци со пари, ни се смеете зад грб

  • By klaster2
  • октомври 21, 2022
  • 0
  • 305 Views

По заминувањето во дијаспората, жителите од Балканот често се соочуваат со стигматизација во татковината, бидејќи под претпоставка дека „горе тече мед и млеко“, односот кон нив се менува и од довчерашните пријатели.

Босанецот Иван реши да ја открие вистина, а неговата духовита, но делумно та жна исповед кружи на интернет веќе некое време. Имено, тој опиша како го гледаат дома, и него и останатите гастарбајтери кои на одмор доаѓаат дома со многу подобар автомобил.

„Поуморен сум, кога и да дојдам во татковината се чувствувам како банкомат, сите ми бараат нешто, толку отворени дланки, погледи и молби. Како да растат парите на дрво.

,, Ми се га ди од роднини кои не ги познавав, членови на семејството кои наеднаш ми се важни.Сите сакаат да ме поздрават, да ме гушнат и да изгребат барем за германски чоколади. Како да нема чоколади во Босна.

Имам старо БМВ кое го купив половно и го чував во гаража од летоска. Купив нови бандажи и навлаки за седишта, па го ‘шпицнав’, па изгледа како нов.

Сопругата и децата купиле на распродажба еден куп маици, панталони, тренерки и уште неколку работи, па на убедување на ќерка ги фрлиле најлонските кеси, а купените предмети уредно ги препакувале во некои украсни кесиња за да не се гледа колку е платено.

Ги зедовме сите наши заштеди за годината, жена ми беше за малку во црвено на нејзината кредитна картичка, па пред две недели дојдовме овде во татковината да се одмориме а потоа да се вратиме со празни џебови“.

Вака за „Ал Џезира“ ја започна приказната овој човек, кој решил да ги сподели не волјите што ги доживуваат повеќето припадници на дијаспората од кога ќе се вратат назад.

„Секој месец испраќаме пари во Босна, затоа што повеќе од половина од нашите роднини се невработени, а и оние неколкумина што работат или земаат пензии, како да не добиваат ништо.

,, Тие не гледаат како некои волше бници и јас таа слика не смеам да им ја сменам. Се трудев да кажам колку напорно работам, но моите изгледаат глуви, никогаш не слушаат.

Мислат дека во туѓа земја од небо ми паѓаат печени кокошки. „Не го искарувам никому на нос, но малку ми е смачено од се, од тоа што станав банкомат од кој се вадат пари“, вели искрено овој човек.

Тој спомна и како некои негови сонародници, кои исто така работат во странство, земаат мали заеми пред да заминат на годишно патување во Босна за да бидат онакви какви што очекува во родното место“

И за да можат да ги задоволат ненаситните апетити на нивните најблиски и пошироки роднини. Инаку годишно, дијаспората во Босна и Херцеговина испраќа околу 1,75 милијарди евра, што е 30 отсто од БДП на земјата.

„Не сакаат само кога ќе им дадеме пари, а инаку ние сме сељаци за нив, ни се смеат зад грб. Ниту еднаш не сум слушнал како кога ќе влеземе во локал да велат: „Ууу, ете ја дијаспората погледнете им ја опремата!’ како се облекуваат.

Некогаш стануваат и заминуваат, а понекогаш остануваат и гласно го коментираат нашиот акцент кога ќе вметнеме некој странски збор“, се жали Иван, кој по последната лоша епизода за време на неговиот „одмор во татковината“, решил да не доаѓа некое време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.