Владиката Јован со моќна порака до сите оние кои не сакаат да се вакцинираат

  • By admin
  • април 7, 2021
  • 0
  • 2342 Views

Во соседна Србија, ковид-болниците се преполни, но мнозинство од персоналот уште не е вакциниран. Соговорници за ДВ велат дека тоа не смее да биде прашање на личен избор.

„На некои клиники се вакцинирани 70 проценти од лекарите, а на некои дури помалку од 20 проценти“, вели Радмило Јанковиќ, кој ги координира болниците за пациенти со Ковид-19, од кои најголеми се оние во Ниш и во Крушевац.

Во јужниот дел се вакцинирани околу 2000 медицирани во ковид-системот, што е помалку од половината. Јанковиќ е многу незадоволен, иако мисли дека процентот некаде е уште понизок.

Официјални бројки за бројот на вакцинирани здравствени работници не постојат, но често се слуша дека скепсата кон вакцините меѓу нив е се уште присутна.

Затоа и членовите на Кри зниот штаб предлагаат задолжителна вакцинација за лекари и медицински персонал, каква што постои веќе против грип и хепатитис Б.

Инаку министерството за здравство соопшти дека во Србија пристигнала редовна достава на вакцините на „Фајзер“.Институтот „Торлак“ денес доби уште 106.470 нови дози вакцини против ковид-19 на компанијата „Фајзер“.

Воедно Србија и Израел се две држави со најголем процент на вакцинирано население.

Владиката Јован утринава во гостувањето на ТВ Прва изјави дека е вакциниран и коментирајќи го ставот на дел свештенството што ги повикува луѓето да не се вакцинираат, упати силна порака до антиваксерите, пренесува Б92.

-Да не веруваш во вакцината е исто како да не веруваш дека земјата е тркалезна. Постои она што се нарекува здрав разум. Да не постоеше вакцина, ќе имавме сипаници, сипаници, цела низа на болести кои уб ија повеќе отколку што денес ра к.

Вакцината е таа која нè држи подалеку од болеста и за тоа треба да сме благодарни.Од оваа болест поч инаа патријархот, митрополитот Амфилохије, владиката Атанасиј, владиката Милутин и немаме друг избор освен вакцината.

Потенцирајќи дека не разбира антиваксерите кои реагираат негативно на вакцината, тој ги спореди нивните верувања со верувањата на оние кои сметаат дека земјата е рамна плоча, и само кратко им порача:

-Пуштете ги во болниците да видат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.