Момче пред влезот на ГОБ 8-ми Септемвир: Го изгубив татко ми, ве молам, не сакам да ја изгубам и мајка ми

  • By admin
  • април 7, 2021
  • 0
  • 6279 Views

Во јавноста се појави уште едно од бројните емотивни сведоштва на здравствени работници кои веќе повеќе од една година се борат со вирусот.

-На пат кон работа во болницата ‘8 Септември’ забележав едно момче како седи на клупа пред влезот. Кога поминав пред него, момчето стана и ме праша: ‘Дали работите тука?’

Го погледнав – очите му беа црвени од плачење. Му одговорив потврдно и зачекорив кон првото скалило, кога го слушнав неговиот глас: ‘Го изгубив татко ми, ве молам, не сакам да ја изгубам и мајка ми.’ Застанав скаменето.

Се свртев кон момчето и го прашав како се вика неговата мајка. Ме погледна толку жално и ми го кажа името. Јас стоев скаменето… Отрчав кон влезот на болницата, облеков униформа и веднаш отидов кај мајка му.

Фото: Фејсбук

Таа беше на кислородна поддршка. Ја фатив за рака и ѝ реков: ‘Надвор те чека прекрасен син. Мора да преживееш за него’. Ме погледна со солзи во очите. ’Морам’, ми рече. Јас направив сѐ што можев да ѝ помогнам, да ја спасам, да преживее.“

Овие тро гателни повици за помош на момче коешто го изгубило родителот во пандемијата со Ковид-19 сѐ уште одекнуваат во главата на медицинската сестра Јохана Јаневска која за Дојче веле на македонски јазик реши да проговори.

Борбата за секој човечки живот, исцрпувачката голгота низ којашто поминуваат медицинските работници повеќе од една година сѐ уште трае.

Притисокот врз здравствените работници е уште посилен во налетот на третиот бран, кога болничките капацитети се преполни, а вирусот и неговите мутации не бираат кого ќе нападнат. Сѐ поголем е бројот на млади луѓе кои се борат за последен здив.

На денешното одбележување на Светскиот ден на здравјето, 7 април, здравствените работници секојдневно ги ризи куваат своите животи за да се грижат за другите.

Фото: Фејсбук

Медицинската сестра Јохана Јаневска и ова утро е на своето работно место во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Сега води грижа за најмалите кои боле дуваат од дијабетес.

Некои од нив имаат само две години. Но, искуството од болницата „8 септември“ и работата со најтешко заболените кои се борат за живот, вели дека е нешто од кое сѐ уште ѝ лазат мор ници по телото.

Целата сторија може да ја проследите на Дојче веле на македонски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *