„Визер“ започна со кратење на летови – сопрена и авиолинија од Македонија до Германија

  • By admin
  • јули 11, 2022
  • 0
  • 428 Views

„Визер“ очекува дека ова лето ќе има кратење на летови поради недостаток на работници и штр ајковите по европските аеродроми, соопшти нискобуџетниот авиопревозник што доведе до пад на нивните акции од околу 5%.

Директорот на „Виз“, Јозеф Варади минатиот месец изјави дека компанијата е уверена дека ќе се врати на пред-панде миската продуктивност и дека ќе го користи целиот потенцијал на своите авиони оваа година.

Сепак, денеска, од компанијата велат дека очекуваат да скратат дополнителни 5% од своите летови за да се намали влијанието на „тековните надворешни нарушу вања“, пренесува Ројтерс.

По пад от пред извикан од омикрон варијантата навирусот, ова лето побарувачката за авионски превоз драстично порасна. Но, штр ајковите и недостатокот на вработени прину дуваат илјадници летови да се откажат и предизвикуваат долги редици на големите аеродроми низ Европа.

Авиопревозниците ги подигнаа цените за летовите за да ги надоместат трошоците за гориво, додека пилотите и авионскиот екипаж бара повисоки плати поради инфлацијата.

Специјализираниот сајт за авиосообраќај, „Ехјуавиатион“ објави дека нискобуџетната компанија „Визер“ привремено прекина шест линии од пет пазари во поранешна Југославија, бидејќи авиокомпанијата има недостигот на персонал.

Оваа мерка ги опфаќаа неколку лини кои се одржуваа од Приштина, Тузла, Љубљана, Белград и Охрид.

Па така летовите од Охрид до Дортмунд, Германија се откажани до 2 септември, а од компанијата најавуваат дека би можело да има и дополнителни откажувања на летови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.