(ВИДЕО) Јордан Митев им се обрати на Македонците во Швајцарија

  • By klaster3
  • август 23, 2022
  • 0
  • 306 Views

Познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев со секое свое појавување на настап покажува и докажува дека заслужено си ја носи титулата на најбаран и најдобар пејач.

Кога Митев настапува забавата е неизбежна, а публиката во еден глас ги пее неговите песни. Нема сомнеж дека Јордан е број еден избор за македонските веселби и свечености.

Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас. Тој работи на себе и на својата кариера, па фановите не ги остава без некое ново изненадување.

Фолк-пејачот Јордан Митев е еден од ретките пејачи кој си ја сака и почитува Македонија, а тоа го докажува преку неговите чести статуси и коментари на социјалните мрежи.

Иако не споделува многу од приватниот живот на Фејсбук, некогаш некој зајадл ив коментар кон него знае да го испро воцира, па да си каже се што му лежи на срце.

– За музика и нашето музичко ниво не е виновен само народот-публиката, туку и самите “занаетчии” во таа област бидејќи суе тата кај одредени луѓе е толку голема што тие никогаш нема да го признаат и поддржат туѓиот квалитет.

Затоа во етер оди се, само не нешто добро и вредно. Да не се лутиме на нашите соседи, тие се големи професионалци, и кај нив барем оваа работа е поставена за многу многу класи повисоко, затоа и цените се повисоки, смета Јордан.

– Многу ќе речат, пеј си и уживај си. Да, јас тоа можам да го правам, и ќе ми биде многу по лесно, можев и многу пати да заминам од овде, но јас останав се со цел да барем со едно зрно допринесам за мојата земја, напиша Митев во една прилика.

Јордан Митев цела летна сезона ја има договорено со настапи, како на свадби, крштевки, празници, така и на концерти, од кои некои ги одржа а некои допрва ќе ги одржи.

Веќе наголемо има настапи, како низ земјава така и во странство. Пред извесно време најави голем концерт во Швајцарија во организација на македонското друштво „Извор“ од Муртен! Ленгакаверк 15, 2557 Штуден на 27 август годинава.

Но, во очи празникот и настапот, Митев повторно се огласи на Фејсбук за да ги покани своите фанови во Швајцарија да присуствуваат на прославата во чест на големиот христијански празник во Штуден.

Во прилог ви го проследуваме видео обраќањето на Митев до јавноста проследено со изведба на рефрен од негова преубава песна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *