(ВИДЕО) Толку беше од одморот – огромни колони на граница за излез од Македонија

  • By admin
  • август 19, 2021
  • 0
  • 2671 Views

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одр они.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од денеска регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица е нормализиран за секаков вид на сообраќај. Тој беше во прекин поради изведување градежни активности.

Од АМСМ за утре најавуваат прекин на сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање). Сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:30 и 14:30 часот во времетраење од 15 до 20 минути.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Од таму велат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничниот премин Табановце за излез од државата попладнево се чека околу два часа. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Како што претходно информиравме голем број наши иселеници предвреме ги прекинуваат одморите поради најавените мерки како во нашата држава, така и во оние каде што живеат или пак низ кои транзитираат како што е случај со Словенија.

Според најавите, голем дел од нашите иселеници кон западна европа треба да тргнат за време на викендот кога исто така се очекуваат поголеми гужви.

Овде може да погледнете за актуелната состојба за излез на Табановце, а тука за влез во Србија на Прешево.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.