Апасиев до Мицковски: Види вака друже

  • By admin
  • август 19, 2021
  • 0
  • 6508 Views

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервјуто на Сител ја повика опозициската Левица на Димитар Апасиев да соработуваат на претстојните локални избори.

Денес лидерот на Левица, Димитар Апасиев по пат на фејсбук му одговори на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и напиаш:

Мицковски на телевизија: „Подаваме рака на Левица да се обедини ОПОЗИЦИЈАТА“!? Мицковски во реалноста:

– двегодишна забрана на ТВ Алфа да кани гости од Левица;

– Курир, Република, Нетпрес и остали вмроидни ку ртон-медиуми со месеци наназад водат ва лкана кампања против Апасиев („пудлицата на Заев“) и Левица, по директива на Белата палата;

– договара легализација на диво градби со Заев у четири очи, во корист на урбаната ма фија;

– аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија;

– ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат бит ката со Џафери и Д УИ);

– прифаќа етницитет во лични карти, коо да сме Руанда;

– прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фаш истите од Алијанса);

– малициозно спрема покварени измени во Изборен законик, со сна јперски ог ан насочен директно против Левица (фб-рекламирање)…

И, кога после се, идат анкетите пред Локални – гледа дека без Левица нема победа!? И ај си вика, ова дечиштава, ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!?

Види вака друже. Скроз си ја зрешил сликата за нас.Политичкото рацио на Левица не е да донесе некого на власт! Политичкото рацио на Левица е да стане ВЛАСТ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *