(ВИДЕО) Познатиот македонски пејач стана овчар – бизнисот му оди од рака

  • By admin
  • април 28, 2021
  • 0
  • 17190 Views

Музичката дејност е една од најпогодените во време на пандемијата откако почна вирусот. Многу концерти, свирки, настапи, свадби, тезги се откажани.

Во целиот овој период два пати им беа исплатени по две минимални бруто плати. Првиот пат за април и мај и уште една на крајот на годината. Сега бараат овие исплати да продолжат, бидејќи еве речиси цела години како повеќето од нив не работат.

На крајот на јануари, музичарите што членуваат во шесте музички здруженија здруженија од целата земја одржаа состанок во Охрид. Таму потпишаа Меморандум за соработка и заеднички настап пред државните органи и институции.

На средбата е анализиран петтиот пакет мерки на државата за финансиска поддршка, при што повторно е посочено дека музичарите заедно со угостителите се најзагрозена категорија во постојните услови на криза, со барање за нивно вклучување во петтиот пакет мерки за финансиска подршка.

Ситуацијата за музичарите како во регионот, така и кај нас не е лесна, па многумина решија да се преориентираат во други дејности за да дојдат до заработка.

Ѓоко Јовиќ, еден од најпознатите фолк пејачи во нашата држава како и своите колеги периодот е без работа.

Тој е доста отворен и во едно неодамнешно интервју проговори за своето детство и што работел како помал

-Како што знаете, потекнувам од Валандово. Во минатото моите родители се занимавале со земјоделие во кое преовладувал тутунот. И јас сум го работел тоа, знам колку е тешко и затоа ги ценам луѓето кои ја одржуваат во живот таа земјоделска култура.

Не се срамам да зборувам за моето минато и секогаш сум подготвен повторно да го работам тоа. Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа:

„Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот.

Пред некој ден, неговата сопруга Ивана го снимаше и објави Ѓоко како вешто се справува со едно стадо овци и притоа напиша:

Ѓоко си најде работа, бизнисот му оди од рака – за се го бидува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.