Беше прв човек за безбедноста на Никола Груевски – по подолг период се огласи во јавноста

  • By admin
  • април 29, 2021
  • 0
  • 32194 Views

Долги години беше верна сенка на екс премиерот Никола Груевски кој каде и да се појавеше, тој беше во негова непосредна близина.

Своевремено важеше за најсилниот човек во нашата држава и човек кој се грижеше за безбедноста на екс премиерот.

Дејан Митровски Урко откако се тргна од функцијата шеф на обезбедувањето на Никола Груевски уште додека тој се уште беше на влас, некако се повлече од јавноста.

Урко реши да се врати на својата стара љубов, поточно на спортот.

Претседстелот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија овој пат медиумски, се обраќа до Др. Караџовски, претседател на КЗВ со прашањето – Зошто индивидуалните спортови од кои дел е кикбокс се селективно обесправени во однос на другите контактни спортови?

„Имено, сакаме да нагласиме дека ние комплетно ги поддржуваме сите спортови и спортисти воопшто, но чувствуваме потреба јавно да го изразиме нашиот рев олт во однос на селективната забрана за тренинг и натпревари само и само за индивидуалните спортови.

Посебно ја истакнуваме состојбата со работа на затворени трговски центри и шопинг молови, работа на казина, работа на базени, козметички студија и салони за разубавување, преполни автобуси, преполни продавници за храна и од денес секако повторно полни кафулиња и ресторани.

Истовремено сведоци сме на секојдневни тренинзи и натпревари во екипните и лига спортовите како што се: кошарката, ракометот, фудбалот и одбојката!!!

Со ова јавно обраќање сакаме најпрво да добиеме прифатлив одговор од надлежните институции зошто сме дискриминирани и издвоени само ние и секако да направиме институционален притисок со цел да се тргне и нашата забрана за тренинг и натпревар!!!

Ние сме еднакви со другите спортови и спортисти во однос на тренингот и натпреварите, еднакви сме и во поглед на придржување кон мерките и протоколите за тренинг и натпревари во услови на пандемија, и ние како и сите останати спортови и спортисти сме рамноправни претставници и амбасадори на нашата држава и исто толку успешни како и екипните и лига спортови. Зошто тогаш забраната важи само за нас?

Ако сите ние како заедница сме одговорни да се придржуваме и адаптираме на новонастаната пандемиска состојба и да ги почитуваме пропишаните мерки, зошто тогаш ние индивидуалните спортови сме издвоени од заедницата, а во исто време со ништо не сме придонеле за влошување на состојбата со вирусот, туку спротивно на тоа го поттикнуваме здравјето и имунитетот на нацијата!!!

Медиумски ве замолуваме, во интерес на нашите спортисти, во интерес на кикбоксот и маитаито како спортски дисциплини и секако во интерес на спортските работници и тренери кои живеат од и за спортот.

Да ја прекинете селективната забрана и да ни дозволите да работиме и да ги надополниме што поскоро загубите на спиртистите во поглед на кондиција, тренинг и натпревар и секако материјалната загуба со која се соочуваме како последица на забраната за работа (кирии и режиски трошоци за клубовите и федерациите, плати за тренерите и спортската администрација)

И најважно загубата на медали и светски и европски достигнувања на нашите репрезентативци“, се вели во обраќањето на Кикбоск Матаи Федерацијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *