(ВИДЕО) Македонскиот пејач со настап за паметење во Германија: Чувствата неможат да се опишат доколку не се доживеат

  • By admin
  • октомври 6, 2022
  • 0
  • 338 Views

Веќе добро познато ни е на сите дека во Германија живеат и работат голем број Македонци кои ја сочинуваат нашата дијаспора во оваа држава.

Неофицијално бројките се дека има над 200.000 Македонци кои престојуваат во оваа држава, а цифрата од ден на ден се менува со оглед на тоа што се повеќе се селат во Германија.

Но иако далеку од родните места, нашинците таму знаат да ја негуват и чуват традицијата, пред се преку музиката.

За таа цел многу наши познаци музичари одат таму и имаат настапи на најразлични поводи, па речиси да нема викенд, а де не има некој наш пејач или пејачка во Германија.

За македонскиот фолк пејач Спасен Силјановски познато е дека покрај тоа што е извонреден пејач, тој е познат и како композитор.

Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.

Еден од ретките наши пејачи кои пеат исклучиво македонски песни и отсекогаш јавно го кажувал и докажувал тоа.

Спасен е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство и од работите кои ги прави во слободно време.

Периодов Спасен е често надвор од Македонија, но повторно со Македонците, но во дијаспората што беше случај и неодамна.

Имено Спасен сподели објава на својот фејсбук профил со видео запис од настапот во Германија, за кој што кажа:

Дел од прекрасниот концерт во Хановер.Чувствата неможат да се опишат доколку не се доживеат на самото место…. Ви благодарам на сите гости за вашето присуство. Се гледаме наскоро во Берлин

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.