Валерија од Кочани низ солзи: Немам патики, моите немаат пари, сиромашни сме, пица не сум јадела многу долго

  • By klaster2
  • ноември 7, 2021
  • 0
  • 1118 Views

Цветанка Најкова од Кочани е мајка шест малолетни деца, многудетнотот семејство е пречка за да најде таа работа, а гладта е главен проблем во нејзиниот живот.

– Јас по потекло сум од неготинско, а се омажив во Демир Капија, родив едно дете и почнаа проблемите.

– Изградивме заедно куќа, но тој започна со лоши работи и веќе не се издржуваше, си ги собрав работите и заминав, вели Цветанка која ја започнува својата приказна пред камерите на ,,Срце на Дланка”

Таа го зема својот син и доаѓа во Кочани каде го запознава и започнува да живее со својот сакан Гоце, кој го прифатил нејзиното дете.

Тие се осумчлено семејство, не се вработени ниту Гоце ниту Цветанка, живеа со социјална помош од околу 5.000 денари, три од децата одат на училиште а две се во пелени.

Често се гладни и храната им е главен проблем, а како што велат немаат поддршка ниту од родителите на Гоце, па се препуштени сами на себе.

– Имаме слога со Гоце, но и сами гледате во какви услови живееме. Неговите мајка и татко ги заклучија другите соби, ние живееме во две соби, бојлерот го извадија за да не сме трошеле струја.

– Свекрвата го заклучува фрижидерот, не ни дава да го користиме, таа го зема клучот и излегува, цело маало и се смее, вели Цветанка.

– Сопругот пред некое време отиде да набере дрва за децата да има да се грееме, го фатија шумска полиција, и бидејќи немаше пари да ја плати каз ната од 3.500 евра беше зад решетки шест месеци.

– Верувале или не за пола кубик дрва, јас во тие момент бев во блажена состојба со најмалото. Сега тој излезе, оди бере дрва и продава колку толку да вади некој денар за да не се гладни децата.

– Децата си бараат, јас колку толку гледам да им зготвам што имам, имаше моменти и кога немав што да им дадам да јадат.

– Од тие 5.000 денари, даваме на старите 1000 за струја, ситуацијата ни е многу тешка, понекогаш немам ниту прашок да ги исперам децата, додава таа.

– Поради тоа што мојот сопруг донасаше дрва во неколку наврати за децата да се прехранат, тој има многу каз ни и извр шители. Па така беше вработен во една фирма три месеци и секој месец платата му беше само илајда денари.

– Немаме помош од никого, некој пат ќе дојде ќе не посети еден кочански бизнисмен по име Ванчо, ќе праша за децата и ќе даде 2.000 денари.

– Сега започнав и леб да месам, откако поскапе лебот, немаме услови да купуваме а децата си бараат, а за млеко не станува ни збор. Не доаѓа ред да се купи млеко иако децата се мали.

Цветанка поради лошите односни со првиот сопруг неможе да добие развод, па за нови документи адвокатите и бараат 400 евра. Тоа е причина таа да нема лична карта, ниту некој од децата извод.

– Јас шиев имам 15 години работен стаж, да има кој да ми ги чува децата веднаш би работела, не би чекала ниту миг. Најстариот син Левент ми помага многу тој се грижи за другите.

– И помагам на мама ги мијам садовите, се качувам на столче и ги мијам, потоа ги редам и и помагам кога прави јадење, вели едно од малите деца.

– Другите имаат патики, но јас не, немам облека доволно, ниту пак компјутер, јас немам ништо, ние немаме пари, многу ми е тешко. Би сакала торта со црвенкапа за роденден. А пица не сум јадела долго време.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство, и на овие мали деца да им се врати насмевката тоа можете да го сторите на телефонскиот број 077654052 или на трансакциската сметка во продолжение:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.