Божана е една од последните жители во кратовско Којково: Немаме никаква установа, но затоа има нешто што не се купува со пари

  • By klaster2
  • јуни 5, 2022
  • 0
  • 387 Views

Селото Којково се наоѓа на меѓата помеѓу Кратово и Пробиштип, денеска овде има едвај неколку домаќинства и пред се доста старо население кое останало овде.

Помладите одамна заминале од овде со цел за подобра егзистенција, а постарите што останале се занимаваат со земјоделие и сточарство.

Божана Павловска е една од последните жители на ова село. Тука е веќе неколку децении а пред камерите на М- Нет телевизија го опишува животот овде.

– Младите што беа се иселија, старите полека заминуваат во вечност и селото се празни. Животот не е лесен, но така сме навикнати.

– Овде освен земјоделие и сточарство од друго нема што да се живее. Јас одгледувам кози и свињи, како и кокошки и нешто садиме на нивите.

Пат до самото село нема. Потребно е од 30 до 40 минути одење пеш за да се стигне до асфалт. Немаат продавници ниту институции.

Нема училиште ниту амбуланта но има мир,спокој, чист воздух и р ај вели баба Божана која додава и дека има доста извори со природна вода.

– Додека беше жив мојот сопруг често одевме во градот, но сега многу ретко, никогаш не сум го напуштила имотот овде, вели Павловска.

– Овде на прсти може да се изборојат кој останале, немаме никакви установи овде, најблиску е во градот за кој треба повеќе од час за да се стигне.

– Болницата најблиску ни е во Кратово, вели баба Божана која додава дека синот често доаѓа да ја посети па така не останува без основни намирници за живот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *