Александар Николоски: Оваа екипа комплетно одработува за Зоран Заев и СДСМ

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 654 Views

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во „Трилинг“ во 24 Телевизија, истакна дека во однос на иницијативата на „МК Мериот“ е со цел да му одработи на Зоран Заев и СДСМ, како и дека истите немаат збор кажано против Зоран Заев, а бараат да ја водат најголемата опозициска партија.

Во однос на оваа коалиција која ја споменав или популарно во јавноста позната како „МК Мериот“, а во врска со нивната иницијатива, би сакал две работи да кажам. Прво, јас лично почитувам различно мислење и сум познат во партијата како човек кој имал и има различно мислење од она што се одлуки на партијата и тоа многу добро го знаат овие кои се сега „МК Мериот“ затоа што сум имал спротивни мислења од нив, кога тие биле дел од раководството на партијата, вели Николоски.

Тој посочи дека загрижувачки е тоа што оваа коалиција „МК Мериот“ една реченица не кажале за владеењето на Зоран Заев, ниту дали е добро, ниту дали е лошо, дали има реформи или не.

-Збор немаат кажано за Зоран Заев, како е возможно да сакате да ја водите најголемата опозициона партија, а да не го критикувате тој кој што е на власт, вели Николоски.

Николоски објасни дека оваа иницијатива доаѓа во интересен момент, а истата е надвор од Статутот и правилата во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во септември минатата година точката за одржување на партискиот конгрес била ставена на седница на Централниот комитет и истата била одбиена.

-Редовен конгрес има партијата на крај од ноември или почеток на декември месец и не гледам што е разликата да се прави конгрес на крај на март или на крај на ноември, освен ако не се сака на крај на март да и се нанесе штета на партијата и тука доаѓа второто прашање, во време кога и се случува целосно фијаско на Владата, кога само Македонија нема вакцини, кога економијата тоне, кога Македонија е најлошо рангирана по степен за корупција, и финално кога сме многу блиску во обезбедување на доволен број на пратеници оваа влада да падне се покренува една ваква иницијатива? – истакна Николоски.

Тој рече дека истото се прави за да може Зоран Заев малите коалициони партии кои во моментов разговаараат со ВМРО-ДПМНЕ, да им каже да не го реализирал она што го ветил, и да земјата е во фијаско, но дека треба да седат во коалиција со него, затоа што ете што се случува во ВМРО-ДПМНЕ.

-Значи оваа екипа комплетно одработува за Зоран Заев и СДСМ – потенцираше Николоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.