Слаџана од Радовиш работи во комуналното како возач и им порача на жените: Нека земат пример од мене

  • By klaster3
  • јануари 10, 2023
  • 0
  • 542 Views

Сведоци сме дека скоро низ целиот свет постои поделбата на машки и женски професии, односно професии кои ги работат исклучиво само мажи или само жени.

Тоа го има и кај нас, но некои луѓе едноставно сакаат да го поб ијат тоа и да докажат дека таква поделба не треба да постои и дека секој може да ја работи која било работа доколку има волја.

Една од нив е 39 годишната Слаџана Јакова од Радовиш која таму стана позната по тоа што е едниствена жена возач на камион во јавносто коммунално претпријатие.

Слаџана е главна на четиричлената екипа од ЈП „Плаваја“ од Радовиш и како возач на камион за собирање депонирање и трнаспорт на смет без нејзе работата не може да се одвива како што треба.

– Секое сабајле кога ќе почнеме прво донесуваат цвеќе. Ни се става во камионот и така ни продолжува целиот работен ден.

Возам уште од 10 – 11 години. Прво трактор, после кола па дојде ред почнав и со камион. Кај нас е фамилијарна работа возење, маж, брат сите се шофери.

Пред две години ЈП распишало оглас за вработување возач, но никој не се надевал дека на огласот ќе се пријави и една жена. По пријавата Слаџана била на интервју кај градоначалникот кој веднаш ја вработил затоа што е жена.

– Не верував дека можам јас да бидам на тоа работно место како возач. Сакам да возам камион за таа работа сум заинтересирана.

Не и се веруваше на ниој дека можев да возам. Тука во Радовиш и нема жена што вози поголемо возило од кола. Нека земат пример од мене. Сега гледам во Радовиш има две што полагаат за камион и тоа доста ме гордее мене, вели Слаџана за Сител ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.