Кристијан Голубовиќ: Ќе го дадам животот за Македонија

  • By klaster2
  • февруари 22, 2023
  • 0
  • 149 Views

Александар Голубовиќ попознат како Кристијан Голубовиќ е име со бурно минато и човек кој голем дел од својот живот го минал зад решетки, и има многу поминато и искусено во животот.

Тој е роден во Минхен од српски гастрабајтери каде го поминува детство, а потоа во 90 години се враќа во Југославија.

Голубовиќ доаѓа овде во лоши години односо во 90′ се случуваат многу не мили сцени и турбулентни години, по сите случувања тој завршува зад решетки.

Ден денес тој е познат по учествата во низа телевизиски емисии и ријалити шоу, каде со своите изјави и тврдење ја остава јавноста со подотворена уста.

Тој беше учесник во риалити шоута како што се ,,Фарма” ,,Задруга”, овој пат тој беше гостин во емисијата ,,Жешко Столче” кај Никола каде сподели неколку интересни моменти.

– Многу ми недостасува животот од младоста, бидејќи доста од мојата младост ја поминав зад решетки и во планините, вели Кристијан.

– Имам тетоважа на мене која е посветена на Скопје и на некој случувања во Македонија. Ги имам иницијалите СК, и поларна ѕвезда.

– Што во превод значи каде и да сме на светот повторно ќе се најдеме. Многумина не знаат но долго време беше во тајност но 2001 јас бев во Македонија.

– Поточно бев во Куманово, се запознав со коман дантот Мујо, ја дадов својата пот и пожртвнуваност за македонскиот народ против не пријателите.

– Секогаш ќе го дадам животот и моето ,,се” за Македонија, бидејќи го сметам како српскиот близок. Инаку секој крак од оваа тетоважа претставува една личност.

– Јас себе си се сметам за фено мен бидејќи имам над 30 таленти, кој редовно ги покажува на својте настапи било каде, додава Голубовиќ.

– Многу ги сакам браќата Македонци, секогаш се чуствувам добро кога ќе дојдам и во Скопје и во Охрид, Куманово, вели за крај Кристијан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *