Конфекција во Свети Николе нуди пари на своите вработени ако донесат нов работник – познато колкав бонус ги очекува

  • By admin
  • февруари 22, 2023
  • 0
  • 136 Views

Недостигот на работници во Македонија не е ништо ново, а се очекува истиот дополнително да биде изразен во следниот период.

Деновиве на истокот од нашата држава се прочу една информација дека се нуди паричен бонус на вработените во една компанија ако се донесе нов работник.

Ваквите наоди го потврдија и водечките лица во една од најпознатите конфекции во Свети Николе, а станува збор за АД „Мода“ и ДОО „Камотекс“ .

Имено тие на огласната табла имаат објавено соопштение за своите вработени, доколку донесат нов вработен во овие фирми ќе добијат парична награда од 5.000 денари.

Ангел Димитров менаџер на АД „Мода“ како што објасни ова доаѓа по препорака на германските сопственици, кои тоа го практикуваат и во Германиј.

Тој посочи дека во овој момент веднаш би зеле 50 искусни работници, а тоа значи дека за 10 посто би ги зголемиле работниците во фабриката.

Останува да видиме во следниот период дали оваа мотивација ќе вроди и колку со плод.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *