Зорица е сирак која останала и без нога и без белодробно крило, едвај сврзува крај со крај

  • By klaster2
  • февруари 22, 2023
  • 0
  • 108 Views

Зорица Вучковиќ, триесет и двегодишна жена од селото Драјиница, недалеку од Сврљиг, живее сама во нехумани услови во трошна куќа стара повеќе од 80 години.

Левата нога и била ампу тирана во детството а и е отстрането едно белодробно крило зафатено од ра к. Не е способна за работа и се издржува од социјална помош.

Зорица тешко се движи со помош на патерици и протези, но нејзиното лице е секогаш осветлено со насмевка и покрај сите тешкотии што ја придружувале уште од раното детство.

– Ја изгубив мајка ми кога имав три и пол години. Потоа, во 2002 година, се разболев на 13-годишна возраст и ја изгубив ногата.

– Три години подоцна, се разболев од белодробна бо лест. Лекувањето траеше до 2007 година, па на 25 години го загубив татко ми а, потоа се разболев и не продолжив со училиште – изјавила Зорица Вучковиќ за РТС.

Пред 9 години во хуманитарна акција со помош на општината им беше изградена нова куќа на Зорица и нејзиниот татко. Но, Зорица не живее во неа бидејќи, како што вели, влагата се појавила веднаш по изградбата, па се вратила во старата куќа.

– Оваа куќа, не е важно што не е средена и што се такви услови, добро ми е за белите дробови, во оваа стара куќа е подобро- вели Зорица.

Зорица е корисник на социјална помош од Центарот за социјална работа во Шврљиг, а овој приход и е единствен извор на приходи.

– Свесни сме за проблемите со кои се соочува Зорица, конкретно со влагата во куќата и еве, ова е апел до сите луѓе со добра волја кои се во можност да помогнат – вели Мирослав Марковиќ, градоначалник на општина Сврљиг.

– Први стигнаа парите за дрва, купив шест кубика дрва и гардероба. Добив зимски капут а потоа и чизми. Поп Младен ми донесе храна и ми помогна финансиски.

– Имам храна, полесно ми е. По 6 месеци Центарот за социјална работа ми даде 3.000 динари, а со тие купувам јадење и преживувам.

– Благодарам на сите, но ми требаат уште три метри кубни дрва, минус 15 е надвор, има уште до крајот на зимата – вели Зорица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *