Д-р Беќаровски објасни зошто се повеќе одделенија по јавните здравствени установи ќе зјаат празни

  • By admin
  • јануари 11, 2023
  • 0
  • 170 Views

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија е мошне активен на социјалните мрежи со своите совети, а така беше и овојпат.

Тој скоро секојдневно знае да сподели по некој статус било да е тоа од областа на здравството било да е од секојдневниот живот

Овојпат тој на својот фејсбук профил реши да направи една мала парарела и во таа прилика кажа:

48 од 50 најдобро платени во јавниот сектор во Словенија се лекари, со бруто плата од 10.000 до 15.000 евра.

Најдобро платените лекари во јавниот сектор во Македонија земаат бруто плата од 2500 евра. Сооднос 8:1

Просечната нето плата во Словенија е 1300 евра, а во Македонија 500 евра. Сооднос 8 : 1

Затоа се повеќе одделенија по јавните здравствени установи ќе зјаат празни.

Во Македонија во 50 најдобри платени од вработените во јавниот сектор нема лекари, туку се директори на разни агенции јавни претпријатија, ЕСМ,ЕЛЕМ итн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *