Тој е несомнено жива легенда. Човекот за чија работа и кариера се испреплетени безброј случки, настани и легенди, човек кој важи за најпознатиот естраден менаџер на сите времиња во екс-ЈУ историјата, па се до ден денес.
Работел со најголемите ѕвезди во регионот од Мишо Ковач и Оливер Драгојевиќ, преку Индекси, Леб и Сол и Бијело Дугме, до Оливер Мандиќ и Здравко Чолиќ… и уште стотици други.
Ситната боранија и не ја броиме. Организирал илјадници концерти, бил вмешан во безброј афери, наместил којзнае колку фудбалски натпревари, па и цели првенства. Законот го знае и од оваа и од онаа страна
Гостин во многу ТВ емисии, дел од сеќавањата, биографиите и мемоарите на многу познати и славни личности, човек со цели поглавја во пишаните и печатените анали на некогашна ЈУ естрада, човек со многу лица.
Поуларниот Џаро слави роденден, а синоќе нешто по полноќ познатиот македонски шоумен и негов добар пријател, Игор Џамбазов се огласи на фејсбук и му честиташе роденен откако сподели пост и над него напиша:
Среќен 72-ри роденден колега…
Џаро, среќен 72-ри роденден. Да си жив и здрав још година. НАЈВАЖНО Е ДА ТИ РАБОТИ МОЗОКОТ. Твојот работи и више но што треба за твои години на таа пројдена километража.
Коа ме праша како си? Ја ти реков, добар, ама се здебелив бајаги. Рече, ќе ослаеш бе, најмал проблем е тоа. Со мозокот како си, ти работи ли? Реков ваљда е ок е.. и нели му ја заседнавме.
Се потврди тоа пред некои два месец пред нова година, коа си муабетевме за све и свашта, а скоро еден саат на некој начин си ги проверувавме мемориите(мозоците) сеќавајќи се на некои моменти од пред 30 и кусур години, коа ја бев копиљ, а ти број еден у цела тогашна Југославија.
Сум имал среќа, да те запознаам многу одамна, да се дружам со тебе, да соработувам и да научам многу работи кои и ден денес ми се од корист, на најкоректен и чесен начин. Треба луѓето да те запознаат од блиску за да видат за каков човек станува збор.
Живеј што поише ГЕНИЈАЛЕЦУ и еве да кажам зашто уште пред 15 години сакаше да бидеш “информатичар”. Увек си сакал да бидеш у тек со све, а да бидеш увек као и што си бил два корака испред другите у било што.
ГЛУМАЦ е добар да не го мислиш. КОГА НЕ ЗНАЕШ, ПРАШУВАШ. Така е… Milica Dzarovska ти мора да бидеш таква, затоа што тоа ти го заслужуваш, пошто си ќерка на Џаро. Поздрав до цела фамилија, веројатно сте биле до сеа на окуп