Македонски народни приказни кај многумина будат носталгиј. Како што е познато тие се се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби (Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други).
Овие кратки ТВ епизоди беа снимени од страна на ТВ Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 80-ти, па сè до 2003 година. Досега се снимени околу 300 епизоди, не вклучувајќи ги новите епизоди.
На 7 октомври 2009 година по подолга пауза повторно започна снимање на нови делови на серијалот. Режисер на првите 10 нови Македонски народни приказни е Миле Грозданоски, додека сценарист е Шенка Колозова.
Понатака режирањето беше препуштено и на други режисери, меѓу кои и Љупчо Билбиловски. Снимњето е под капата на МТВ и дел од приказните се засновани на македонските приказни собрани од Марко Цепенков.
Со должна почит кон сите актери, но едно име и тогаш, а и сега иако веќе со години го нема помеѓу нас, предничеше. А веќе сигурно погодувата за кого станува збор.
Ѓорѓи Колозов еден од најпознатите глумци во Македонија, најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец.
Неговата ќерка Катерина Колозова вчера на својот фејсбук профил во спомен на нејзиниот татко објави:
Утре, на 13-ти, 19 години од см ртта на Ѓорги Колозов. Не поминува ден а да не се сетам и да не помислам на тебе, тато.
Универзитетскиот професор Ѓорги Спасов меѓу првите се огласи во коментар под објавата и притоа напиша:
Ѓорѓи беше прекрасен човек и глумец.Се уште Велестовци зборуваат само за него. Нека поч ива во мир.
На што Катерина се огласи и во продолжение му реплицираше на Спасов:
Mислам дека таму си ја остави душата пред да си отиде. Само две недели по враќање во Скопје (од таму, од Велестово), поч ина.