Сторијата за самохраниот татко Љупче од Штип привлече големо внимание во јавноста, па затоа од ден на ден се следи акцијата за помош на него и неговото синче.
Докажаниот хуманист од Штип, Александар Горгиевски е еден од луѓето кој ја води акцијата за помош на Љупче, па тој секојдневно информира што име.
Така тој сподели два статуси, а во првиот се велеше:
При крај сме со средување во домот на Љупче и неговиот малолетен син Андрејче 90 % е средрна собата после долг работен ден среќен сум ни остануваат ситници но уште вечерва ќе ги вселиме.
Сакам да ве известам информирам мој сограѓани Штипјани дека сега е пристигната и нова донација со многу храна и облека за деца која утре на ден 20.03.2021 Сабота ќе ја поделиме на наши согрѓани кој се во тешка финансиска состојба заедно со Црвен Крст ке бидеме у координација.
Ве молам секој што знае некоја фамилија која има стварно потреба од помош со мали дечиња самохрани мајки деца со посебни потреби, деца без родители информирајте ме мене и Викторија Миланова.
Ние заедно тие фамилии утре ќе ги посетиме и ќе им донираме се што е вишок овдека донирано има и храна и облека се надевам дека барем на 10 фамилии ќе помогнеме исто како и денес се ќе си биде јавно и транспарентно.Александар Горгиевски!
Потоа Аце кој инаку е поранешен пожарникар на својот прифли на фејсбук напиша:
Вака сега морам јавно да го пофалам Љупче Смилев момчето за кое се дигна цела Македонија.
Љупче вчера и денеска преку мене, Влатко Новаков и Црвен Крст помогна и уште помага на други фамилии кој се заг розени. Им подели храна облека сретдства за хигиена на над 15 други фамилии донираше над 70 % од тоа што нему му беше донирано и што нему нема да му е потребно и од корист.
РЕСПЕКТ голем за момчето морав да го пишам ова бидејки сум сведок и очевидец на се! Вчера и денес се посетени многу фамилии и благодарение на него и на нас како волонтери заедно со Црвен Крст помогнавме и на други луѓе .ХУМАНОСТ на ДЕЛО