Јордан Митев: Можев многупати да заминам одовде, но јас останав за да допринесам за мојата земја

  • By klaster3
  • јули 7, 2022
  • 0
  • 543 Views

Фолк-пејачот Јордан Митев е еден од ретките пејачи кој си ја сака и почитува Македонија, а тоа го докажува преку неговите чести статуси и коментари на социјалните мрежи.

Иако не споделува многу од приватниот живот на Фејсбук, некогаш некој зајадл ив коментар кон него знае да го испро воцира, па да си каже се што му лежи на срце.

Илјадници луѓе – негови фанови секогаш се јавуваат со поддршка за неговите песни и карактер, но и покрај тоа уште пожа лен е фактот дека кај нас странските пејачи се повеќе платени од нашите.

– Искрено, јас сум патриот, но не сум националист (во тоа има разлика), ги почитувам сите што ме почитуваат мене како Македонец, но жал ми е што мислам, се надевам дека грешам,

ние никогаш нема толку колку што треба да го почитуваме нашиот човек од туѓиот, па макар нашиот одел и на глава пак ќе му се најде некоја маана.

Да не се лутиме на нашите соседи, тие се големи професионалци, и кај нив барем оваа работа е поставена за многу многу класи повисоко, затоа и цените се повисоки, искрено си кажа Митев во една прилика.

Но, пејач како Јордан Митев никогаш не ја заборава својата публика и чесните коментари, па затоа повторно се огласи и во коментар под една негова објава им се заблагодари:

„Ви Благодарам на сите! Господ да ги чува и благослови сите искрени и чисти Македонци! Искрено, многу ми е жа л што дојдовме до тука. Ж ал ми е, и да бидам искрен како македонец ми претставува душевна бо лка, но не знам и не можам ништо јас повеќе да направам.

Преку културата преку песната и старата и новата јас се потрудив колку толку да му дувнам на македонското жа рче. Некаде тоа и скапо ме чинеше. Тешко е да бидеш добар за сите, или барем за повеќето, бидејќи ако кажеш нешто веднаш се толкува или лево, или десно.

Многу ќе речат, пеј си и уживај си. Да, јас тоа можам да го правам, и ќе ми биде многу по лесно, можев и многу пати да заминам од овде, но јас останав се со цел да барем со едно зрно допринесам за мојата земја.

Зошто, за да некоја неписмена будала утре те нарече предав ник, ти пц уе фамилија и што уште не. Но, ме радува што освен будали, во оваа земја сепак има и паметни луѓе, можеби се понекогаш тивки и некаде настрана, но ги има! Ви Благодарам уште еднаш, пред се, бидете здрави и живи каде и да сте!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.