Јордан Митев за пpoтeстите поврзани со Македонија: Тоа е чукaњe празна слама

  • By admin
  • јули 3, 2022
  • 0
  • 449 Views

Важи за еден од најпознатите и најбарани фолк пејачи, а неговото име е Јордан Митев. Човекот кој знае од секоја забава да направи моменти за незаборав.

Митев важи за човек кој си ја сака својата држава, Македонија, нешто што досега многупати го има покажано и докажано:

Кога беше Референдумот за промена на името, истиот ден имаше про тест организиран од движењето ,,Бојк отирам”. Тој ден додека траеше Референдумот, ми се јавија организаторите и ми рекоа

-Јордан, вечер ќе се собереме чисти и искрени Македонци кои сме против промена на името, никој не се нафаќа за да дојде да отпее една македонска песна. Дали ќе сакаш дојдеш?

Јас реков, ќе дојдам. Ми рекоа колку тоа ќе не чини. Јас им реков, како можам за таква работа да барам хонорар? Вие сте таму за својата земја и јас ќе бидам таму за истата причина.

Но, после тоа добив коментари со разни на вреди, па колку ти платија, поени сум собирал и слично Од тогаш натаму си реков дека не вреди човек да прави некои работи, бидејќи не само што не се цени, туку и ќе те исмејуваат и понижуваат, бидејќи нашето општество е поделено на две тотално противни страни.

Ова тема за мене како Македонец е тешка и не би сакал дополнително да полемизирам. Јас како Македонец се што имав и имам да кажам кажав и кажувам преку мојата работа и моите дела – изјави неодамна во интервју за Фокус.

Утрово Јордан Митев на оваа тема реши да се огласи повторно, овојпат преку својот профил на фејсбук каде што напиша:

За некои луѓе про тестите поврзани со Македонија се како рок концерти и можност да се направи убава фотосесија.

Кој ќе биде исходот од одреден про тест и дали вистина ќе има резултат, не е важно, важно, ќе има убава слика за фејзбук на која најблиските ќе кажат бравооо, Македонијаааа. Тоа е чукање празна слама.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.