Јованка е самохрана мајка на 9 деца, а сега тие имаат само една желба со која би ја израдувале

  • By klaster2
  • февруари 13, 2022
  • 0
  • 508 Views

,,Мајка на деветте Ѓуриќи” вака ја нарекуваат храбрата Јованка од Лаќарка, самохрана мајка на девет деца. Сите ги добила во ист брак, од голема љубов со првиот и единствен сопруг Тодор, кој потоа ненадејно заминал на другиот свет, пренесува ТВ Прва.

Оваа исклучителна жена успева да се носи со своето многудетно семејство, бидејќи ги научила да бидат скромни и вредни.

– Знаеш точно кога е станување, појадок, кој кога одиш на училиште, кога тренираш, кога учиш, кога имаш слободно време. Секако, има и кавги, довикувања, врева… – искрено раскажува оваа мајка.

– Децата се нешто највредно на овој свет и ниту една материјална работа не може да го замени ова богатсво што го имам јас, додава таа.

Но, сето тоа ги прави големо среќно семејство. И најмалите членови во семејството имаат свои обврски, знаат да испеглаат маица.

Да ја средат куќата, да подготвуваат оброци. Сите тие работат заедно, а единствената поделба на куќата е на машки и женски делови.

Ова големо семејство функционира совршено благодарение на начинот на кој нивните родители ги воспитувале. Според Јованка, најважно и е да бидат добри луѓе.

Кога би можела да го врати времето, повторно би го направила истото. Јованка пред некој период го загубила сопругот и сега сама со децата си го пробива животот.

Има седум сина и две ќерки. На прашањето на девојките како им е, меѓу сите овие мажи, тие одговараат од прва: Па, ние двете сме како мажи.

Додека големите спијат, малите деца ја чистат куќата, а Јованка која има само еден слободен ден во неделата не дозволува децата да бидат во неред кога ќе се врати дома.

Кога би можеле, децата би направиле некој чекор за да и се заблагодарат на својата мајка за сите овие години на големо внимание, а најголема желба им е да ја испратат на заслужено патување.

– Нека одмори и мама, таа заслужува најмногу, сиве овие години да види бел ден, вели едно од децата пред телевизија Прва рс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.