Јанко Јади бурек откако извади нова лична карта: Како во сон, почнав да се штипам

  • By admin
  • декември 28, 2021
  • 0
  • 580 Views

Јанко Илковски, познатиот „ток шоу“ ТВ водител нема кој не го знае. Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од ст рав да не го спомне и стави на тапет.

Водителот Јанко Илковски кој јавноста го препознава како Јанко Јади Бурек е еден од најпознатите македонски ТВ и радио водител.

Илковски е роден 1962 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование, по што се запишува на студии на Белградскиот Универзитет.

Јанко по враќањето од Белград и по промена на повеќе работни места, меѓу кои е и преведувач во МРТВ и на фестивалот „Браќа Манаки“, Илковски влегува во медиумските води во 2001 година, најпрво како водител на ноќна програма на А1 телевизија, каде подоцна работи во рамките на спортската програма.

Меѓу другите негови настапи како радио или ТВ водител се: новинар на радио Канал 103, водител на емисијата „Пладневен гневник“ на Радио Рос, водител на емисијата „Гутенбергова галаксија“ на ТВ 4, како и водител и музички уредник во радијата: Клуб ФМ, Топ ФМ и Радио Слободна Македонија.

Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од десет години. Емисијата со тоа име, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: ТВ Скај, Наша ТВ, и ТВ Сител 3 и ТВ Сонце.

Јанко Илковски работел и во печатените медиуми, меѓу кои пишувал текстови за: Вечерен дневен весник, Премин,Вечер Време и неделникот Фокус.

Пред неколку моменти тој се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша:

Изработена за едвај 10 дена, со потрошени најмногу 5-6 збора, повелете, благодарам, пријатно, како во сон, милина.

Побе зболно, полесно и побрзо немам извадено документи, ама никаков проблем.

Однос профи – тотално! И не само за мене сите кои бевме таму, ни застој, ни чекање, ни не рвоза, сите услужливи, љубезни абе почнав да се штипам , не сериозно.

Што е за пофалба, навистина, луѓето се топ. Една ма ка помалку без грам ст рес. Вкупно време поминато – за сликање 3 минути, за издавање едвај една минута.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.