Четири дечиња со својот самохран татко од Делчево остануваат на улица – не знаат што ќе прават

  • By admin
  • август 17, 2022
  • 0
  • 363 Views

На крајот на месецот, самохран татко од Делчево со своите четири деца останува без кров над глава.

Сопственикот на куќата во која живее под кирија одлучил да ја продаде, па со својот социјален надоместок не знае дали да бара куќа или да ги прати децата на училиште.

„Од први септември газдата сака да си ја продаде куќата. Пред четири месеца ми рече да излеземе од тука. Јас поднесов документи за социјални станови, но одговор немам од никој.

Со господинот градоначалник разговарав, тој вели се јавил таму и треба да чекам година или две. Јас со четири деца нема каде да одам. А сега на први септември мора да излезам. Значи сакам од државата да ми помогне.“, вели Зекемерем Салиев за Мнет телевизија.

Да се работи, вели, не е проблем, но ретко кога има работа, а со парите кои ги добива како социјален случај може само да ја плати киријата. Тој бара помош од институциите за заедно со децата да може да имаат барем каде да живеат.

„Работеме нешто кога има на приватно, чепкаме нешто, друго чаре нема. Јас како родител ги помагам децата, не ги оставам. Од социјалното тие 6.000 – 7.000 денари ги даваме тука на човекот и ние кога има работиме нешто“, додава тој.

Со случајот е запознаен и невладиниот сектор. Зоран Биковски вели дека случајот е навистина кри тичен, а за наоѓање решение потребна е соработка меѓу сите институции.

Некои од решенијата кои тој ги предлага е креирање социјална стратегија и вклучување во проектот „јавни работи“ на локалната самоуправа, но заклучува дека се потребни и подолгорочни решенија.

„Ние како невладина организација сме комплетно запознаени со случајот, го помогнавме семејството да ги комплетира документите да поднесе.

Оттука може само да апелираме Центарот за социјални работи да направи социјална стратегија за инклузија на лицето. Од наша страна ќе помогнеме да биде вклучен во процесот на трудот.

Во моментот колку што знам, тече проектот „јавни работи“ и е наменет токму за такви ра нливи категории на граѓани, па очекувам дека и од Локалната самоуправа ќе се вклучат во целиот процес. Апелирам и институциите да бидат ажурни и да не се остави сам на себе.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Мнет ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.