(ФОТО) Тони Михајловски: Почнавме, кој сака нека честита

  • By admin
  • ноември 3, 2022
  • 0
  • 236 Views

Скратено Шанац или со цело име и презиме – Тони Михајловски. Човек за кого не се потребни да се трошат многу зборови.

Михајловски Шанац е човек со низа професии кој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар, а едно време и мошне активен во политиката.

Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.

Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.

Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.

Како и за многумина познати личности, така јавноста и публикаа сака да дознае нешто плус за приватниот живот на популарниот Шанац, а тој нема проблем за тоа да говори.

Актерот од 2011 година е во брак со Александра Јорева Михајловски. После две години врска тие ја крунисаа својата љубов.

Александра и Тони се венчаа во црквата “Св. Димитрија”, а потоа свадбената прослава ја направија во ресторанот “Тга за југ” во Старата Чаршија. Актерот е 13 години постар од својата сопруга.

Заедно го имаат синот Максим, кој е втор син на Тони, а прв на Александра. Тони од првиот брак го има синот Александар Михајловски.

Популарниот Шанац и покрај своите работни и професионални обврски сепак наоѓа време и за социјалните мрежи каде што е доста активен.

За потсетување минатата година тој имаше обид да стане и градоначалник на родно Куманово преку ВМРО ДПМНЕ, но не успеа. Од тогаш некако како да се повлече од политичката сцена и воопшто од очите на јавноста.

Сепак и понатаму остана активен за јавноста, пред се преку социјалните мрежи а тука се мисли во преден план на фејсбук каде што неодамна напиша:

Една година мирен. Семејство, уметност, бирани луѓе, без предавства, ла ги и ма нипулации. Бесценето.

Овојпат Шанац, но на инстаграм сподели фотографија од теретана на која е со професионалниот бодибилдер Мирко Петровски и притоа напиша: Почнавме, кој сака нека честита.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *