Кога станува збор за Сузана Гавазова она што прво ни паѓа на памет секогаш е загарантирана забава, но и беспрекорен изглед.
Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со својата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.
Гавазова започна професионално да се занимава со музика уште од многу млада, а популарност стекна и надвор од Македонија.
Каде и да се појави секогаш е добредојена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни. Сузана е една од оние пејачки кои имаат фанови од 7 до 77 години.
Сузана Гавазова важи за една од најпопуларните македонски турбо фолк пејачки, која зад себе има изработено повеќе од пет албуми и има издадено повеќе спотови.
Долги години Гавазова е во брак со сопругот Јасмин Курузовиќ. Тие од нивниот брак ги имаат ќерките Емили и Селена, а пред да се вратат во нашата земја живееја во Шведска.
-Не можам да ја споредам Македонија со ниту една друга земја, а нема ни потреба, ја сакам затоа што е моја. Ја сакам и Босна затоа што мојот сопруг е од Босна.
Ја сакам и Шведска затоа што моите ќеркички се родија во Шведска. Не дека Шведска е лоша земја за живеење, но мене лично и на моите ќеркички ни сметаше ладната клима и студениот ветер… а потоа почна да му смета и на Јасмин, вели Гавазова во интервју за Фокус и продолжува:
Секогаш кога ќе си дојдевме во Македонија не сакавме да се враќаме назад, и така еден ден решивме да си останеме во Македонија. Македонија си ја опишавме како ,,Земјата на сонцето” а сонцето дава убава и позитивна енергија и овде сме пресреќни.
Мојот сопруг во Македонија се чувствува исто како дома, има многу пријатели, соработници. Тој почна и бизнис во Македонија и е голем позитивец дека Македонија има потенцијал да просперира и да напредува.
Сопругот не ја крие гордоста и љубовта спрема својата сопруга, па често на социјалните мрежи споделува колку ја сака почитува.
Сузана е доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од настапите, но и од нејзиното семејство.
Деновиве таа ја започна сезоната на одмори и ни помалку ни повеќе, замина со семејството дури на островот Миконос во Грција.
Миконос е едно од полуксузните места во Грција кој мами воздишки со својата убавина, божествените глетки, космополитскиот ду х и врвниот ноќен живот.
Ужива интернационална репутација како ра ј за хе донистите и неуморните трагачи по возбуди, привлекувајќи голем број туристи секоја година, уметници, луѓе од модната индустрија, политичари, спортисти и џет-сетери.