(ФОТО) Сречко од Кочани има несекојдневно хоби: Со своите вешти раце прави ремек-дела

  • By admin
  • февруари 3, 2022
  • 0
  • 541 Views

Во време кога сè повеќе рачните изработки се заменети со машинско производство и скоро и да се губи занаетчиството како занимање на луѓето, сè уште постојат луѓе кои со огромна волја и трпение му се посветени на својот занает.

Сречко Граовац живее во Кочани и веќе над 40 години се занимава со изработка на макети од чкорчиња, дрвца и трски, а најинтересно е тоа што тој самиот е и архитект и дизајнер на некои од уметничките дела.

Неговата работа е позната како во кочанско, така и пошироко низ државата, а неговите макети се за вистинско воодушевување. Претходно им бил посветен на црквите и манастирите поради специфичната архитектура и живописност за што сведочат многу негови дела.

Има изработено шест православни црковни храмови од чкорчиња, од подрачјето на Македонија, како и од други европски земји. Сега, предизвик му се типски викенд-куќи за кои примери наоѓа на интернет, ги анализира и преминува на долга изработка од природни материјали – трска.

Предност му е тоа што овие макети побрзо се прават за разлика од манастирите кои се изработуваат со месеци. Во гостувањето на Телевизија Кочани објаснува како оди изработката на макетите.

„Ова е макета од брвнари коишто ги има секаде, и кај нас, на Балканот. Од темели до кров сè е од трска, подлога се прави, се сече и цепи трската и се спојува. Таму каде што е подебела трската е полесно за сеч ење, а ако е потенка пу ка и се кр ши.

Специфична работа е, некои мислат дека лесно е“. Брвнарата ја работел околу три месеци дури да се спојат сите делови и да се стигне до крајната постапка – лакирање со безбоен лак.

Лесно е кога ги има прикажано сите страни од куќите, но кога е само едната мора да импровизира што и како би имало од другата страна.

Макетите ги изработува во слободно време, но посочува дека додатна мотивација и поголема продуктивност би имал доколку поединци или институции пројават интерес и откупат дел од нив за да се постават таму каде ќе ги видат повеќе луѓе.

„Нема интерес, овие макети ги работам две години откако почна коронавирусот, сè е заглавено после ковидот, тешко е“. Денес ретко кој вложува толку време, трпение и вештина за да создадат вакви уметнички дела кои ќе привлечат внимание кај секого.

Поради оригиналноста и реткоста Граовац очекува да му се овозможи да организира изложба на овие изработки на наши простори или пошироко.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.