(ФОТО) Спасе временска прогноза покажа со кого 5 години е во стабилна врска

  • By klaster3
  • април 19, 2022
  • 0
  • 530 Views

Спасе Рола Јовановски многумина од вас го знаат од ТВ екраните. За оние, помалку упатените, момчето е еден од презентерите на временската прогноза на ТВ „Сител“.

Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“, иако не е ниту информативец, ниту новинар… Да, порано бил и тоа естраден, во некогашниот магазин „Македонски свет“.

Денес, Спасе Јовановски е познат како еден од презентерите на временската прогноза на ТВ Сител.

Естрадниот свет и неговите кругови повеќе го познаваат како „помошникот“ на Лила Филиповска кој воедно е нејзин најдобар другар со кој Лила се дружи уште од многу одамна.

Многу често и дома и на патувањата ја придружува, и и’ придржува – од чантата, до наметката или чадорот, и прави друштво, и помага, и служи како рамо за плачење или потпирање…

Дури еднаш на Инстаграм профилот Лила одговараше на прашања во стори, а едно од нив гласеше: Ептен супер друштво ти е другарчето Спасе, секаде си го носиш, а Лила одговори: Он ми е и другар и соработник и кај и да е ќе го посвојам.

Спасе уште го знаат и како Спасе -„Рола“, или „Рола до бола“, прекар кој веројатно самиот си го дал себе си. Или барем така јавно тврди токму на социјалните мрежи.

За себе често знае да искоментира дека е ѕвезда, а во една прилика упати порака: „До професорот у средно што рече дека од мене НИШТО НЕМА ДА БИДЕ и што ме остаи на полагање у сред АВГУСТ…Па професоре, ЦВРЦ, мало сте се зезнули. Види у каква ЅВЕЗДЕТИНА се претворив!“

Љубовниот живот не го експонира, па не знаеме дали Спасе досега ја нашол својата понежна половина, но со сигурност е јасно со кого долги години е во врска.

Имено, Спасе на својот Инстаграм профил сподели фотографија како наздравува со кафе и напиша: Јас и „Сител“ точно 5 години во стабилна врска! Живели!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.