(ФОТО) Снеже Велков е горда Македонка: Македонското знаме го носеше на уникатен начин

  • By klaster3
  • октомври 11, 2022
  • 0
  • 491 Views

Снеже Велков е добро познато име и презиме на македонската широка јавност, водителка која што низ годините наназад често е присутна на малите екрани.

Секогаш искрена во своите објави е нашата позната водителка Снеже Велков, која често на Инстаграм знае да сподели свое искуство како поука за нејзините следбеници.

Освен што работи приватно, на телевизиските екрани веќе втора сезона ја гледаме во емисијата „Нешто конкретно“ со Снеже Велков.

Секогаш позитивна, насмеана, со одмерен говор и стил ги воодушевува и своите гости, но и публиката пред малите екрани.

Со внимателно избрани гости и теми извлечени од секојдневието на луѓето, секогаш знае како да ги заинтересира да откриваат малку повеќе за нив, но и за нивните ставови.

Снеже е ранобудник и човек кој активно спортува, па оние коишто ја следат на социјалните мрежи може да забележат дека редовно рано наутро вози велосипед и вежба.

– Од 6:00 се пие кафе на раат прво па ако времете е погодено возам некои 19 км надвор а ако времето е непогодено тогаш вежбам еден час дома. И тоа сè, се случува додека домашните спијат…

Веќе од 8 часот почнува гужва и галама, турканици и брканици на време да се стигне во школо, да се подготви работниот ден и да се тргне во нови победи.

Мајка е на два сина, и веќе 17 години вљубена во Дарко Велков, според многу нешта различен од неа. Инстаграмот за Снеже постои за нејзините цели и идеи и не ѝ е извор на заработка, туку задоволство.

-Се запознавме во 2005. Нашата приказна почна кога Дарко Велков тогаш млад бизнисмен ми беше гостин во „Ред Хот“, на темата Работа преку лето. Е, тогаш поверував во љубов на прв поглед, изјави Снеже во една прилика.

Снеже секојдневно објавува нејзини фотки на Инстаграм, па така и овојпат не помина незабележана ни таа, а ниту нејзиниот чадор во црвено-жолта боја со слика од македонското знаме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.