(ФОТО) Синот на Сашо Мијалков во друштво на нашата позната пејачка

  • By klaster3
  • април 22, 2022
  • 0
  • 804 Views

За осум години, колку што Сашо Мијалков беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), јавноста речиси и да му го немаше чуено гласот.

Многумина сметаа дека појавата на братучедот на премиерот Груевски, Сашо Мијалков, која оддава авторитет, но и мо ќ, го правеше еден од највлијателните луѓе во Македонија.

Поранешниот директор на УБК на крајот на минатата година излезе од Истражниот зат вор во Шутка. Тој од април лани беше во ќел ија во зат ворот каде мерката при твор ја издржуваше сам, на барање на одбраната.

Пред извесно време Американското министерство за финансии ја прошири цр ната листа, на која се најдоа имињата на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Сепак, животот на поранешниот директор , Сашо Мијалков е секогаш интересен за јавноста, особено неговиот приватен, семеен живот.

Во брак е со примабалерината Александра Мијалкова, a има два сина, Јордан и Александар Мијалков.

Александра за својот сопруг зборуваше и во едно интервју во „Бекстејџ“. „Ме освои со неговиот шарм и харизма што ја има, тоа беше многу одамна, излегувавме заедно, се дружевме со моите колешки балерини, одевме по дискотеки како сите млади“, кажа Мијалкова.

Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков, не ѝ е познат на поголемиот дел од јавноста. Единствени податоци и фотографии за него се објавени на неговиот приватен фејсбук-профил, објави Фокус во една прилика за синот на Мијалков, Јордан.

Но, според информациите со кои располага Фокус, тој студирал на еден од престижните универзитети во Монте Карло во Монако, кое се смета за едно од најбогатите места во Европа, познато по гламурот и луксузот.

Младиот Мијалков завршил на Факултетот за менаџмент (бизнис-администрација), а претходно средно образование завршил во приватната гимназија „Нова“.

Вчеравечер на забава во еден локал во Скопје, Мијалков се најде во друштво на познатата пејачка Сања Сани Гроздановска која имаше настап таму.

Имено, Сани самата сподели стори на Инстаграм заедно со Јордан Мијалков и напиша: На дада најубавиот. Од сниманите видеа се гледа дека Сани си добила убав бакшиш на настапот, но не е познато од кого.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.