ФОТО: Радован додека ги вадел компирите од нива се изненадил од плодот тежок 1,5 килограм

  • By klaster2
  • октомври 25, 2022
  • 0
  • 381 Views

Во тек е сезоната на жнеење и собирање на плодовите од цела година. Еден од плодовите е секако компирот како важен дел од нашата исхрана.

Секоја година сме сведоци на ретки примероци на компири кој изненадуваат со својата големина и фасцинираат, па така оваа година доаѓа уште еден добар пример за таков плод.

Во Гламоч денеска се одржа 14-тата манифестација „Денови на гламочкиот компир“, а најтешкиот компир годинава од 1.540 грама кој го извадил Радован Толимир од неговата нива.

– Имам над 20 декари ниви, на сите садам компири, можам да кажам дека тоа е мој основен извор на приход и нешто со што живеам.

– Од година во година варира произвдот што го добивам, не можам да се пожалам и од помошта од државата која ја добивам.

– Во годините на ко рона имав малку проблем со пласманот на компирот, дел ми остана и се распа дна, дел го продадов и имав лоша година.

– Но оваа година можам да кажам дека е една од подобрите а неретко се случува да извадам добри ,, парчиња”кој ја надминуваат просечната тежина.

Организацискиот одбор изјави дека оваа манифестација е исклучително важна бидејќи земјоделството и одгледувањето компир се единствениот извор на приход за многу семејства во Гламоч, пишува Независне новине.

Гламоч е надалеку познат по одгледувањето компири, а тежината на еден компир одгледуван во оваа област може да надмине и два килограми.

Покрај бројните излагачи од Гламоч, штандови изложија и земјоделски производители од соседните општини, меѓу кои и семејството Пеќанац од Дрвар, кое преработува дренка и од ова овошје прави ликери, ракија, џем, слатки и сок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.