(ФОТО) Премиерот Димитар Ковачевски наздрави во друштво на Новак Ѓоковиќ

  • By klaster3
  • септември 1, 2022
  • 0
  • 322 Views

Во текот на денешниот ден премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите на Отворен Балкан, премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ го отворија првиот Меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“.

Саемот кој се реализира како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ има огромно значење бидејќи им овозможува на производителите на вино и храна и на туристичките работници, нови деловни контакти, нови пласмани, поголема конкурентност, а со тоа и нови извори на финансирање.

На саемот ќе учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји, а Северна Македонија преку мотото „Вкуси го животот“ ќе ја претстави својата традиција, обичаи, карактеристичната кујна, музика и фолклор, како и обележјата и вредностите на сите други заедници кои живеат во земјата.

Премиерот по тој повод сподели неколку објави на социјалните мрежи во кои стои: Денешното отворање на првиот Меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, е многу повеќе од промоција на најдобрите вина и највкусната храна на Балканот, тој значи интеграција, олеснет пристап, практична примена на политиката на отворени врати и секако добрососедство.

Денес, ги поврзуваме нашите економии, отвораме нови пазари за нив, нови пласмани, обезбедуваме простор за размена на нови идеи, технологии и пристапи во работата.

За прв пат на еден Меѓународен саем за храна, вино и туризам, со поддршка на својата држава, од Северна Македонија присуствуваат претставници 42 винарии и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни вина и ракии, а ќе присуствуваат и 10 производители на храна.

Покрај виното, на овој Саем посетителите ќе можат да пробаат автентична, македонска кујна преку производителите на храна кои се претставуваат. А, ќе имаат и можност да се запознаат и со природните убавини во Северна Македонија, преку промоциите на туристички капацитети.

Сето ова денес го претставуваме под мотото „Вкуси го животот“ и порачуваме: вкусете македонско вино, вкусете македонска храна, вкусете македонска авантура!

Балканот е отворен! Денес заедно со моите пријатели Александар Вучиќ, Еди Рама и Дритан Абазовиќ пробавме различни вина од нашите земји и уживавме во најдоброто што го нудат винариите од Балканот.

Северна Македонија на саемот се преставува со вкупно 42 винарии и 3 дестилерии кои пред посетителите додека трае Саемот ќе презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии.

Ги вкрстуваме винските патишта и го промовираме уникатниот спој на вкусови и ароми кои го претставуваат духот на Балканот, стои во објавите.

На Саемот поканети беа врвни политичари, функционери, но она пто го привлекува вниманието е фотографијата на која Ковачевски и Александар Вуќиќ се во придружба на познатиот тенисер Новак Џоковиќ со кого наздравуваат со чашите во рака.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.