(ФОТО) Перо Антиќ во друштво на познатиот балкански политичар – со него беше и неговиот татко

  • By admin
  • септември 5, 2022
  • 0
  • 318 Views

Со својата појава и харизма Перо Антиќ, македонската кошаркарска легенда и актуелен претседателт на федерацијата каде и да се појави привлекува внимание.

Антиќ, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во Македонија по долгата и исполнета интернационална кариера реши да се врати во нашатата држава.

Перо како што е познато беше избран за претседател на кошаркарската федерација на Македонија, функција која веќе извесен период ја извршува.

Освен што враќањето во Македонија му донесе нова функција, тој реши да сврте и нов лист на љубовен план.

Првиот Македонец во НБА за последен пат играше во Црвена Звезда и реши тивко да стави крај на својата играчката кариера, но и крај на бракот со Ружица.

Со веќе поранешната сопруга како што е познато Перо има три сина со кои минува доста време за што објавува и на социјалните мрежи.

Антиќ е актуелен и поради врската со моделот Катарина Ивановска иако традиционално вешто успева да ги избегне љубопитните прашања поврзани со личниот живот.

Пред неколку години во интервју за јутуб каналот на Евролигата, Перо Антиќ зборува за неговиот татко кој имал клучна улога во развојот иако бил на само десетина негови натпревари.

„Мајка ми беше ракометарка, но мојот татко 14 години беше професионален кошаркар во Југославија, играше на позицијата три. Мојот брат исто така беше кошаркар но рано се пензионираше.

Татко ми имаше многу медали кои јас и брат ми ги користевме како играчки. По завршувањето на кариерата работеше во една компанија и често патуваше, кога ќе дојдеше ќе видеше што сме направиле и ќе ни речеше, добро уни штивте уште еден трофеј!? Извини тато, ќе ти дадам еден од моите” – вели Перо Антиќ.

„Почнав да играм кошарка затоа што другите деца во маалото играа, па реков ајде и јас ќе одам да тренирам. Ако не беше татко ми да ме прит иска, немаше да бидам она што сум денес.

Тој има дојдено само на десетина мои натпревари затоа што е многу зафатен, играв во НБА, а тој не дојде на ме гледа”.

Перо ретко го експонира својот татко Зоки во јавноста, но овојпат на својот профил на инстаграм објави неколку заеднички фотографии од патувањето во Република Српска.

Таму се дружеа со Милорад Додик кој е српски политичар, политолог, претседавач и српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина и претседател на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД).

Антиќ на својот профил викендов сподели заеднички фотографии од дружабата со Додик, како официјално, така и приватно во локал.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.