(ФОТО) Осумтте дечиња од Ранковце кои со родителите живеат буквално во колиба започнаа да добиват помош

  • By admin
  • март 25, 2021
  • 0
  • 1479 Views

Пред неколку дена големо внимание привлече сторијата за Боби Младеновски, татко на осум деца кој живее во село Ранковце.

Неговата куќа е на крајот на селото, отсетечна е, до Крива Паланка има и неколку часа. Поради што многу деца не се родени во болница.

„Едно дете е родено овде во куќата, друга пак во возило на Брза Помош. Најтешко ми е кога ќе ги погледнам децата, ми бараат а нема да и дадам“ иајви Боби а потоа става акцен на најголемиот проблем.

Немаме ни услови за живот. Само на првите две деца и има купено облека, потоа се е донирана од роди и добри луѓе. Нема каде и да спијат деца. А деца како деца си бараат, најмногу телевизор, книги… а немам можност.

За 10 члена на ден се потребни до 5 до 6 леба, најмалото бебе е 2 месеци. За него нема доволно млеко, не може да цица, па му даваме млеко од кравата на мајка ми и го разредуваме со вода.

Од осумте деца, четири се машки, четири женски од кои половината, односно четири одат на училиште. Вели дека кога има пари става интернет на телефонот за да следат настава, кога нема ништо.

Бобан ја откри најголемата желба која што ја има и која добро би му дошла.

„Имам една желба, да направам барем една мала просторија за да има каде да живеат децата. Ни 10 души живееме во 16 квадрати. Спиеме на три кревети, по три, четири деца на еден кревет.

Се бањаме во кориот, куќата се распаѓа, ми е страв дека кровот ќе ни падне на глава. Да имам градежен материјал, нешто основно, цемент, песок, граѓа, јас сам би ја направил“, вели во емисијата Срце на дланка.

Емисијата Срце на дланка каде што и беше емитуван прилогот заедно со хумани луѓе организираше прва акција и и достави помош и притоа напишаа:

Првичната идеја на проектот Срце На Дланка беше да се развие општествената свест и одговорност кај институции и поединци за помош на социјално загрозени семејства. Драго ни е што веќе цврсто газиме по тој пат!

Денес, успешно беше спроведена првата фаза од хуманитарната акција од страна на социјалната група Машки домаќински муабети. Храна, средства за хигиена и облека беше однесена кај семејството на Боби Младеновски од с.Ранковце. Во сабота ќе се спроведе и втората фаза.

Доколку сакате да помогнете на Боби, истото може да го сторите на 075 808 222.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.