Вирусот се повеќе и повеќе се шири во Македонија за што сведочат бројките во дневните извештаи на министерството за здравство.
Буквално се бара кревет повеќе во државните, но и приватните болници, а медицинскиот кадар има се повеќе и повеќе работа.
Многумина од оние коие беа позитивни успеаа да ја добијата најважната борба, онаа за животот, а откако ќе излезат од болница не забораваат на оние кои и помогнале.
Инфектологот Жаклина Шопова на својот профил на фејсбук сподели пост во кој објави какво изненадување добиле вработените на трети кат на Инфективна од излечен пациент.
Кога натпреварот помеѓу домаќинот ( пациентот) и гостинот( КОВИД) ќе заврши со резултат кој е во корист на домаќинот, тимот кој се натпреварува ( лекарите, сестрите,лаборантите болничарите,хигиеничарите ,сервирките, административните работници и најважниот- ПАЦИЕНТОТ) секогаш е среќен!
Ти благодариме Оливера на прекрасните зборови и дресови за нашиот тим од 3 ти спрат Инфективна Клиника! Со почитТимот од 3ти спрат Инфективна Клиника.
Од фотографиите се гледа дека докторките, сестрите и другите медицински лица од трети кат добиле од Оливера подароци во вид на персонализирани маички, како и пораки со благодарност.
Во честитките кои што ги добија стои и емотивна порака во која што се вели:
Најскапоценото нешто на светот? Да му пружиш рака на немоќниот, да му дадеш утеха на исплашениот. Малите работи го прават животот и луѓето големи. Ви благодарам на вашата посветеност и искреност.
Со почит Оливера Коцева – Максимовска соба 323 март 2021