(ФОТО) Најпознатиот наш доктор за првпат го донесе својот син во Македонија

  • By klaster3
  • август 16, 2022
  • 0
  • 529 Views

Доктор Горан Трајковски е млад лекар, специјалист интернист во Баварија кој како и многу наши медицински лица реши среќата да си ја побара надвор од границите на нашата држава.

Горан важи за најпопуларен доктор на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде секојдневно споделува искуство и дели совети. Како еден од најпознатите македонски доктори достигна над 47.000 следбеници.

„Јас не се гледам како нешто посебно популарен, мислам дека сум истиот како претходно. Но, можеби сум популарен поради тоа што на социјалната мрежа Инстаграм го прикажувам целосно животот на еден лекар, па тоа можеби им е интересно на луѓето.

Таму добивам многу пораки од луѓето и често им давам совети за нивното здравје“, кажа во една прилика доктор Горан.

„Јас во Македонија не бев во работен однос туку како волонтер на Кардиологија па не можам да направам точна споредба, но откако дојдов во Германија последните 5 години мојот живот се врти само околу медицината, пацие нти, бо лести.

Медицинските ходници станаа мојот дом (затоа во Aмерика овој период се нарекува „residency“), социјален живот освен со фамилијата и колегите скоро и немам“.

Често објавува моменти и искуства од работата во бол ницата, во една прилика напиша дека е платено добро, но далеку од доволно ако се увиди типот на работа. Сепак горд е на тоа што може да го носи тој товар.

– Откако сум во Германија немам егзистенцијални проблеми, имам доверба и можам да се потпрам на административниот и бирократски апарат, има ред и култура која ја ценам и ми годи.

Едноставно Германија ми понуди добри услови за живот и формирање фамилија. Е сега, цената која ја плаќаш за тој подобар живот е работа, работа и уште работа, а малку слободно време, малку време за опуштање, изјави докторот за Слободен печат.

Инаку, доктор Горан е фамилијарен човек и во брак е со сопругата Александра со која го имаат синот Себастиан. Александра има македонски корени, но е родена во Германија и работи како медицинско лице.

Синот Себастијан годинава го прослави својот втор роденден, а д-р Горан на неговиот Инстаграм профил сподели нешто што ретко кој го знаеше.

Имено, после две ипол години конечно Себастиан заедно со родителите дошол во Македонија, па по тој повод докторот напиша: „Добро те најдовме Македонијо! Себастиан прв пат стапна на македонско тло.“

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.