(ФОТО) Македонскиот ракометар клекна во Мексико: Си ќари згодна Македонка од Швајцарија

  • By admin
  • јануари 7, 2022
  • 0
  • 553 Views

Македонската ракометна селекција веќе е во завршните подготовки за настап на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Селекторот Кире Лазаров ги мести последните коцки пред заминување во Дебрецин каде што ќе играме во групната фаза.

Помалку изненадувачки, на списокот не се најде десното крило Мартин Поповски кој игра одлично во Швајцарија и деновиве потпиша нов двогодишен договор со својата досегашна екипа Амичицтија.

Тој очекуваше селекторот Кире Лазаров да го повика во репрезентацијата за ЕП, но откако тоа не се случи, Мартин Поповски сакаше рационално да го искористи одморот.

Со својата девојка замина во Мексико. И таму клекна и ја побара раката на својата девојка , ја „запроси“ .

„Да, тоа е точно! Ја запросив мојата девојка на плажите во Мексико. Девојката се вика Стојна Гогова, која е македонка, живее во Швајцарија.

Со неа се запознав во Скопје. Сфатив дека сме сродни души и решив да ја „запросам“, да ја изненадам на некое убаво место, на плажите во Мексико.

Чувството беше одлично. Ми се оствари мојата желба со мојата девојка да патувам во Мексико , на егзотична плажа таму да ја изненадам.

Девојката беше зачудена кога ја побарав нејзината рака, а потоа двајцата скокнаме од среќа….“- изјави Мартин Поповски за локалните медиуми.

Тој често доаѓа во родниот Штип и играше на средбите на ракометните генерации. Но, годинава не се одржа таа ревија на ракометните генерации, па Мартин и тоа го искористи да замине со девојката во Мексико.

Мартин Поповски во приватниот живот е доста скромен повлечен,, ненаметлив. Учествуваше како член на македонската репрезентација на едно ЕП и СП, но беше член и на шампионската генерација на Вардар која во 2017 година стана европски првак.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.