(ФОТО) Македонскиот одбојкарски репрезентативец промени професија: Стана пожарникар

  • By admin
  • јануари 5, 2022
  • 0
  • 519 Views

Како што е познато македонската одбојкарска репрезентација двапати последователно настапи на Европско првенство.

Кога игра Македонија, еден лик на теренот веднаш влегува во очи, хризматичниот и по многу нешта специфичен е либерот, Дарко Ангеловски, популарниот Шаби.

„Шаби е баш од маалскиот живот и маалските случување. Од Мичурин сум, тука растен и сѐ уште тука сум, но години наназад дојде до Шаби играјќи фудбал во маалото со повозрасните“, кажа во едно интервју Шаби и дообјасно:

Фудбалот ми беше добра страна во тие години, па еден од „поголеми“ ме нарече прво Чави (по феноменалниот фудбалер на Барселона), па потоа дојде и Чаби (по другиот фанстатичен шпански репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Ливерпул и Баерн Минхен), за да на крај испадне Шаби, бидејќи овие две имиња веќе биле „зафатени“.

Шаби се залепи оттогаш и еве до денес не се одлепи. Си стои, така ме знаат и има некоја убавина во тоа.

Актуелната сезона Ангеловски се врати во матичниот клуб Вардар, а во минатото на домашна сцена има играно и за Работнички и за Тетово.

Иако има 27 години, тој има и интернационална кариера, настапувајќи за Будва во Црна Гора, Ниш, Србија и Униреа Деј во Романија.

„Во репрезентација сум од 2011 година. Десет години видовме се и сешто, а пласманот на тоа историско прво Европско беше неверојатен успех. Првиот настап на Европско првенство беше нешто неверојатно.

Со тој пласман на шампионатот во Словенија испишавме историја за македонската одбојка. Пречекот во Словенија беше неверојатен. Се што поминавме по автобуси низ цела Европа се исплатеше со учеството на европското каде за првпат се чувствувавме како господа.

До тогаш немавме ништо. На шампионатот ни беше прво патување со авион. Добро знаете какоа станавме „Спартанци“ со 40 плус часа во автобус. Ја победивме Словенија домаќин пред 12 илјади публика.

Па после таа победа искрено се чувствував како да сум светски шампион. Неверојатно беше чувството, не потценија мислеа дека лесно ќе не добијат, а на крајот ние победивме и тоа во нивниот дом.

За издвојување се и квалификациите кои ги игравме во Полска за Светско првенство. Не победија лесно Полјаците, но тоа е нешто неверојатно, Полска живее за одбојка. Потоа таа генерација станаа и светски шампиони.

Значи сум имал чест да играм против најдобрите. Со нашиот успех малку ја кренавме заинтересираноста на народот во Македонија за одбојка. Луѓе не препознаваат и навистина сум горд за тоа што го направивме, кажа Шаби во интервју неодамна за Екипа.мк каде што притоа доаде:

Искрено желба покрај одбојкава ми е да станам пожарникар. Ги имам положено сите обуки за тоа и некако премногу сум заљубен и во таа професија. Сакам да се пријавам на конкурс, па ако бидам добар и го поминам тестот би ми било чест да бидам пожарникар.

Сум барал и од претходни градоначалници и сега истото го замолувам и сегашниот градоначалник. Сакам да ми биде дадена шанса, јас за возврат можам да дадам дрес од репрезентација со кој ја претставував Македонија на Европско првенство.

Од кај да знаеме можеби еден ден ќе вреди многу. Од одбојка во Македонија не се живее. Не се срамам од ниту една работа. Во моментов му помагам на татко ми како водоинсталатер.

Да се пофалам деновиве ќе го направам мојот прв тоалет. Си купив дрон и почнав да снимам со него и да правам видеа. Тоа е животот на еден одбојкар, мора да се снаоѓаш.

Конечно му се исполни желбата, па Шаби денес на својот профил на Инстаграм се пофали дека станал пожарникар во Скопје. Но и покрај новата работа најавите велат дека тој од одбојка нема да се откаже и понатаму ќе ја игра.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.