(ФОТО) Каролина Гочева покажа како со својот сакан си помина во Турција

  • By admin
  • октомври 8, 2021
  • 0
  • 2309 Views

Кога сте јавна личност постојано сте во центарот на вниманието, а посебно приватниот живот кој постојано е во очите на медиумите.

Каролина Гочева кога станува збор за музиката секогаш има да понуди добра и квалитетна песна, но за приватниот живот не сака многу да зборува.

Каролина Гочева, својата кариера ја започна уште како многу мала, а многумина паметат дека нејзин прв поголем хит е песната „Мамо пушти ме“, која и денес се пее.

Каролина му е голема поддршка на својот сопруг, и тој нејзина. Пејачката беше дел од изложбата на Корубин, минатата година во Њујорк, заедно со нивни блиски пријатели. Таа понекогаш знае да објави спомен од нивните патувања во Америка.

„Ние живеевме заедно и пред бракот, тоа е само и еден вид официјализирање, убавината е во заедничкиот живот, а тоа би го правеле и без бракот.

После толку време заедно, мислам дека си ги знаеме сите „цаки“, така што погледот е доволен. Научивме многу еден од друг, доволно сме различни во позитивна конотација за да прифатиме нови работи едне од друг“, изјави Корубин за порталот „Машки магазин“.

Таа вели дека не крие ништо од приватниот живот и дека се знае доволно и основните работи кои не можат да се сокријат. Во интервју  таа вели дека во брачниот живот секојдневието и изгледа како на секоја нормална жена.

„Понекогаш знам да потфатам по дома, сакам да готвам. Не сум совршена, но сакам да експериментирам и сакам да правам некои работи“ вели Гочева.

Таа истакна дека иако со нејзиниот сопруг Михаил Корубин и двајцата се уметници сепак успеваат да го прилагодат времето како им одговара.

„Ние уште од почетокот кога се запознавме многу фино функциониравме бидејќи и двајцата имаме флексибилно работно време. Може сами да одредиме кога сме на одмор, кога работиме.

Јас и сопругот кога сме зафатени сме зафатени 24/7, а кога сме слободни сме слободни и двајцата. Кога сме слободни и двајцата може да си го испланираме времето како што сакаме. Во тој поглед функционираме одлично“, вели пејачката.

Каролина во јавноста се појавува само кога има нешто да каже. И објавите на Инстгарам ги става дозирано, не пречесто, само со убав повод

За разлика од многумина, како познати, така и непознати кои ставаат еден куп фотки од одморот како објава или стори, Каролина реши да направи еден албум со наслов -Турција, септември ‘21.

Во истиот објави фотки од нејзе, но и нејзиниот сакан во Турција и тоа како уживаа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.