(ФОТО) Каролина Гочева и сопругот уживаат на монденско летувалиште – со стајлингот никого не остана рамнодушен

  • By klaster3
  • август 15, 2022
  • 0
  • 362 Views

Сезоната на летни одмори веќе одамна е започната, па иако сме соочени со криз ни времиња, голем дел од граѓаните не пропуштаат годишниот одмор да го поминат на море.

Додека најголем дел досега го бираа Егејското Море и Грција за летување, оваа година сведоци сме дека некако се зголеми бројот на туристи во Турција поточно Анталија, Сиде, Кемер.

Оние кои можат да си дозволат повеќе, да поминат полуксузен одмор бираат егзотични дестинации или места кои ретко се посетени од Македонците.

Македонските јавни личности се скромни во изборот на дестинации на одмор, па не можеме да се пофалиме баш со многу кои заминале на далечни дестинации, но има и такви како Каролина Гочева која често летува на монденски места.

За Каролина Гочева нема потреба да се трошат многу зборови. Музичко име кое е докажано на македонската сцена кое секогаш буди позитивни чувства кај публиката.

Каролина Гочева, својата кариера ја започна уште како многу мала, а многумина паметат дека нејзин прв поголем хит е песната „Мамо пушти ме“, која и денес се пее.

Во брак е со уметникот Михаил Корубин и му е голема поддршка на својот сопруг, и тој нејзина. Пејачката беше дел од изложбата на Корубин, минатата година во Њујорк, заедно со нивни блиски пријатели. Таа понекогаш знае да објави спомен од нивните патувања во Америка.

Таа вели дека не крие ништо од приватниот живот и дека се знае доволно и основните работи кои не можат да се сокријат. Во интервју таа вели дека во брачниот живот секојдневието и изгледа како на секоја нормална жена.

„Ние уште од почетокот кога се запознавме многу фино функциониравме бидејќи и двајцата имаме флексибилно работно време. Може сами да одредиме кога сме на одмор, кога работиме.

Јас и сопругот кога сме зафатени сме зафатени 24/7, а кога сме слободни сме слободни и двајцата. Кога сме слободни и двајцата може да си го испланираме времето како што сакаме. Во тој поглед функционираме одлично“, вели пејачката.

На 4ти август годинава требаше да одржи голем концерт под отворено небо во Охрид за кој се беше спремно и влезниците беа пуштени во продажба, но на неколку дена пред одржувањето Каролина соопшти дека поради позитивен тест на вир усот нема да се одржи.

Па сега, пејачката реши да си ја поврати сил ата и замина на одмор со сопругот во Јужна Италија, поточно во Пуља од каде што сподели фотографии на Инстаграм и напиша: Јули  2022 Дел 1. За прошетките носеше макси летни фустани совршени за летната сезона.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.