(ФОТО) Илина Арсова со голем потег по кој порача: Ова искуство ме научи дека треба да го сакаме животот и слободата

  • By admin
  • ноември 10, 2021
  • 0
  • 501 Views

Илина Арсова е добро познато име во нашата држава, жена со повеќе професии и таленти, меѓу кои ликовна уметница, скијачка и планинарка.

Освен успесите на професионално поле, таа во медиумите често е и поради својата љубовна врска со еден од нашите најпознати шоумени, Игор Џамбазов.

Арсова на својот профил на инстаграм сподели албум со фотки и остави текст во кој што вели:

-Социјалните медиуми најчесто се користат за прикажување на најдобрата верзија од себе си и креирање на еден нереален свет. Филтри, шминка, по некое “случајно” деколте.

Не ги објавуваме не среќните селфиња, ретко ги споделуваме моментите на та га, измислените проблеми и извори за депр есија.

Последниве две недели, јас одблизу се запознав со една поинаква реалност.

Работев како волонтер на програмата на andreabasecamp лансирана од ninacaprez и jeremy_bernard_photography преку која организиравме качување, ликовни работилници и едукативни часови за луѓето од кри зни подрачја.

Овие не среќни души загубиле се’ што имале. Ги напуштиле своите домови во потрага по слобода и подобро утре, неизвесни за својот живот до последен момент.

Тие ништо не погрешиле освен што се родиле во лошо време и на лошо место. Каде не владеат основни човекови права и нивниот живот не се смета за вреден.

Овие денови се потрудивме да им понудиме забава преку спорт, во што навистина уживаа и покажаа неверојатни вештини.Нивните насмевки се бесценети и за нас вредни до небото и назад.

Ако прочитавте до тука, се надевам дека барем малку повеќе ќе го цените она што го имате на сметка на она што го немате.

Мене ова искуство ме научи дека уште повеќе треба да го сакаме животот и слободата што ја уживаме секој ден.

Да поттикнеме емпатија и солидарност кон помалку среќните и помалку имотните. На светот му фалат љубов и насмевки. И двете се бесплатни и му следуваат секому.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.