(ФОТО) Иван, синот на Ѓорѓе Иванов откако и го стави прстенот на Јана, покажа како уживаат

  • By admin
  • октомври 28, 2021
  • 0
  • 5242 Views

Веќе неколку дена, Ѓорге Иванов кој е поранешен Претседател на Македонија во периодот од 2009 до 2019 година, повторно е актуелна тема, а причината е неговиот син Иван.

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов пред неколку дена ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“ и со помош на стиховите откри една нова и досега непозната за јавноста страна од себе и својата личност.

Иван, кој беше препознатлив како младото момче со бујна коса и лежерен стил, веќе извесен период има комплетно нов имиџ.

Освен тоа, тој ја побара за жена својата дологодишна девојка, а тоа се дел од причините за гостувањето во Бекстејџ. Во интервјуто зборува за љубовта, но и плановите за свадба.

„Во невино време мене во животот ми влезе личнос која ми го облагороди моето време. Некако се надополнивме. Уште на почетоците на нашата врска знаев дека ќе биде тоа тоа. Како сум се чувстувал, ќе видити во новата збирка“, изјави Иван и продолжи:

„Таа ме освои со шармот, насмевката, нивнотот на промислување на работите околу себе, со нејзината интелегенција, секако и убавина. Пред се ме освои со тоа што беше таа вистинската, едноставно работите течеа по природен пат.

Во продолжение од разговорот проговори и за свадбата и тоа каква ќе биде

„Јас сум горд на нашата македонска традиција, растен сум со баба, дедо, тие ми го всадиле тоа. И несакам да помислам дека некој би се срамувал од тие обреди адети кои нашите стари го негувале и пренесувале и тоа ќе го испочитувам. Нормално и оној модерен дел, забавен“

Крајот на разговорот бил резервиран за музиката. Малкумина знаат дека Иван е голем љубител на музиката и има свој бенд. Во изминатите години тој бил редовен на сите поголеми рок концерти и значајни музички настани во земјава и често се фотографирал со големите музички ѕвезди кои имале настапи.

Музиката не е заборавена, во мојата фамилија уметноста е пред се. Во моментов работам на авторски проект.

Младиот Иванов откако се рашири веста во медиумите, реши да објави заедничка фотка со својата избраничка, Јана и притоа напиша: Од сега па за навек.

Она што може да се забележи на неговите профил на социјалните мрежи е дека Иван досега ретко објавуваше фотки со својата сакана која очигледно не сака премногу да ја експонира во јавноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.