(ФОТО) Зоки Фаци го покажа својот дом, па се пофали што сработел од домашните работи

  • By admin
  • мај 4, 2021
  • 0
  • 2299 Views

Познатиот новинар Зоран Василевски познат во јавноста како Зоки Фаци важи за човек кој секогаш отворено го кажува она што го мисли.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски попознат како Зоки – „Фаци“ нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми.

Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.

Народот вели кој нема среќа во работата има во љубовта. Зоки – „Фаци“ секојдневно можете да го видите што по скопските локали, што на социјалните мрежи, како гушка и бакнува прекрасни убавици. Некој ќе рече девојките сами му се лепат на „харизматичниот“ водител

Добро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар.

Да ви кажам искрено, да ми кажеше некој дека ќе го работам ова што го работам денес немаше да му верувам. Кога завршив факултет отидов до зоолошка градина да волонтирам, убаво почна се, но со еден оглас во весникот Вест, каде што бараа ветеринар да пишува за животни ми се промени животот. И така започна се.

Премногу сум емотивен, немам ништо заедничко со тоа што го работам. Пред се ми е семејството, на второ место ми се животните, а потоа природата. Кога сум дома читам книги, гледам Анимал Планет и Дискавери.

Популарниот Зоки Фаци каде и да се појави привлекува внимание, а има и зошто.

Зоки Фаци е мошне активен и на социјалните мрежи, па реши со фотографии на инстаграм да откри детали од внатрешноста на својот дом.

Притоа естрадниот новинар објави дека е вреден во извршување на домашните работи, па позираше како јаде банана откако ја окосил тревата во градината околу својот дом.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.