Познатиот новинар Зоран Василевски познат во јавноста како Зоки Фаци важи за човек кој секогаш отворено го кажува она што го мисли.
Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.
Естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски попознат како Зоки – „Фаци“ нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми.
Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.
Народот вели кој нема среќа во работата има во љубовта. Зоки – „Фаци“ секојдневно можете да го видите што по скопските локали, што на социјалните мрежи, како гушка и бакнува прекрасни убавици. Некој ќе рече девојките сами му се лепат на „харизматичниот“ водител.
Добро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар.
Да ви кажам искрено, да ми кажеше некој дека ќе го работам ова што го работам денес немаше да му верувам. Кога завршив факултет отидов до зоолошка градина да волонтирам, убаво почна се, но со еден оглас во весникот Вест, каде што бараа ветеринар да пишува за животни ми се промени животот. И така започна се.
Премногу сум емотивен, немам ништо заедничко со тоа што го работам. Пред се ми е семејството, на второ место ми се животните, а потоа природата. Кога сум дома читам книги, гледам Анимал Планет и Дискавери.
Денес Зоки е маркетинг менаџер во познатиот “MiCasa” – хотел и стек хаус кој се наоѓа на Скопското Кале каде може и да уживате и убаво и квалитетно да се најадете.
Од објавите на социјалните мрежи најчесто го гледаме во друштво на неговите колеги и пријатели Лила Филиповска и Спасе Јовановски.
На неговиот инстаграм профил објави слика и се пофали на едно дамнешно време кога бил во друштво на екс-премиерите Зоран Заев и Бранко Црвенковски, а во објавата напиша: „Се ближи маскенбал“.
Најверојатно сака да го најави доаѓањето на првоаприлскиот маскенба.