(ФОТО) За да се исполни целосно желбата на бранителот Слободан од кочанско недостига уште многу малку

  • By admin
  • февруари 7, 2022
  • 0
  • 503 Views

За 45 годишниот Слободан од кочанско Оризари кој имал не среќно детство живеел во сиромаштија, уште на млади години за да го прехрани семејството работел кај други веќе пишувавме претходно.

Слобан е македонски бранител од 2001 година, доживеал многу случки и многупати живото му бил на конец, но вели дека не се двоуими и повторно да го направи истото.

– Кога настана случувањата во 2001, јас заминав најпрво во кас арната во Кочани, а од таму во Штип, а пак од таму заминавме во Умин дол, во бор бените линии.

– Животот ми беше на конец во неколку наврати, на за среќа преживеав, исто така фатив и една девојка од нашите редови која, снимаше и не предаваше на противниците.

– Во Ваксинце, таму бев пов реден и се криев во еден дол, една сцена никогаш нема да ја заборавам. Во Куманово во касарната пријавиле дека не сум меѓу живите.

– Тие спремале се за мене да ме испратат од овој свет, јавиле дома на моите дека сум заминал од овој свет, замислете го тоа вие. Си го видов ков чегот со знамето врз него и моја слика.

– Јас во дупката бев скоро цел ден, тоа ми беше тоалет, престој, буквално се, неможев да излезам долго време, издржав за Македонија, вели гордо Слободан.

Како што вели за Македонија и животот би го дал, бил во првите бо рбени линии, но е раз очаран од државата, која кренала раце од него и го заборавила.

Сепак хуманите луѓе решија да се потрудат да му го подобрат животот, па така од Хуманитарното здружение Умиление Виница информираа:

Дали се сеќавате на бранителот Слободан Ангелов од Оризари кој беше заборавен од државата, во ен инва лид со никаква помош од институциите? Живееше со своите болни родители и брат во куќа пред распаѓање.

На првите слики од постов е местото за кое пред година дена започна планот за изградба на пристоен дом за своето семејство, за кое мора да признаам јас лично бев скептик, бидејќи се соочуваше со многу пречки, но упорноста и желбата на Слободан беше поголема од се друго и тој навистина се избори за себе и своето семејство.

Голема благодарност до донатор кој преку Хуманитарна организација “Свети Спас” и отец Оливер Петровски донираше значителна сум на средства со кои се купи материјал за работа, до Дади Компани кои донираа плочки за купатило, Оска пром кои донираа матрејал.

Жителите на Оризари и од село Истибања и отец Горан кои помогнаа со песок матрејали, како и за бројни други здруженија, поединци од Скопје, Гостивар, Кочани, Виница, Велес и други градови,наши иселеници во странство, фирми.

Општина Кочани кои му помогнаа и да се средат документите за урбанизација и за сите оние кои му донираа апарати за домаќинство и мебел, нека ми прости ако некој заборавив, но интересот да му се помогне беше голем, а и самиот тој со својата работа макотрпно си спечали за нови врати, прозорци и лустери.

Деновите сум повеќе од среќна бидејќи анонимен странски донатор ( мој близок долгогодишен пријател ) донираше средства за приклучок на струја.

Неговото семејство е вклучено во нашата програма за континуирана помош со пакет во храна и средства за хигиена.

Недостасува нова или добро зачувана кујна ,петосед и друг мебел и апарати за домаќинство, тепих и тој не замолува доколку можеме да помогнеме неговата реализација да се оствари до крај.

За детали ќе ве замолам лично да контактирате со него заради поголема ажурност. Негов контакт телефон е 078 548 031

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.