Драгана Мирковиќ долги години важи за една од најпопуларните пејачки, а можеби и една од најимотните јавни личности на Балканот.
Иако со децении живее во Австрија, каде покрај вилата има и замок, пари вложила и во имотот во кој живеат нејзините родители. Им изградила еднокатна куќа, која важи за една од најубавите во селото, а во убаво уредениот двор има уште еден стар имот на приземје.
Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ повеќе од две децении ужива во хармоничен брак со Тони Бијелиќ, но австрискиот бизнисмен сепак не пропушта прилика да и ја покаже својата љубов.
Не е тајна дека во семејството Мирковиќ се подаруваат луксузни, скапи поклони, па не е за занемарување тоа дека сопругот Тони особено ja израдувал естрадната дива Драгана за 8 март, подарувајќи и автомобил во вредност 400.000 евра.
Дека морал сериозно да се потруди говори и тоа што и купил „Мајбах С 680“ на Мирковиќ, за кој веќе има двегодишна листа на чекање во светот.
Драгана Мирковиќ со години ги криеше своите деца од медиумите. Дури неодамна синот Марко и ќерката Мануела ги отклучија своите страници на Инстаграм и ѝ дозволија на локалната јавност да види како изгледаат и како живеат.
Мануела неодамна го прослави полнолетството, дипломираше, објави слики од одморот, а сега покажа каков автомобил вози.
Се работи за Mercedes GT 63 AMG S со препознатливи таблички DON на нејзиниот татко Тони Бијелиќ, кој чини околу 190.000 евра.
Инаку, таткото на Мануела и Марко, Тони Бјелиќ, е роден во Австрија како Антоние Бјелиќ, од родители со српско потекло, а со сопругата и децата сè уште живее и работи во Виена.
Тој се занимава со бизнис во автомобилската индустрија, поседува салон за автомобили, автомобилска компанија Мајбах, како и градежни компании и телевизија ДМ Сат.
Неговиот син Марко е ентузијаст за автомобили, а неговата мајка Драгана Мирковиќ еднаш објави негова слика од автомобилска трка.