(ФОТО) Дамјан Стојаноски по вторпат стана татко – колегата Влатко ги објави полот и името на бебето

  • By klaster3
  • октомври 20, 2022
  • 0
  • 384 Views

Синот на легендата на македонската народна песна Војо Стојаноски, Дамјан Стојаноски, е познат пејач и инструменталист, но и сестран музичар.

Во едно интервју за Шоу Магазин тој изјави дека неговиот татко Војо потекува од голема фамилија, тие се осум деца и има многу братучеди, а еден од нив е и фолк пејачот Влатко Миладиноски.

Заедно со братучедите Влатко и Златко имаат одржано голем број турнеи и настапи во Македонија и странство, а од пред извесен период ја најавија и претстојната турнеја во Австралија.

Со нив забавата секогаш е загарантирана, а настапите ги распродаваат како низ шега. Сите тројца ја негуваат македонскат народна песна, а тоа е она што им остава најголем впечаток на фановите.

Дамјан Стојаноски имаше само 18 години кога поч ина неговиот татко Војо. Покрај огромната љубов кон музиката која му ја всадил уште од дете, тој како што во една прилика ќе изјави му бил најдобар пријател, одличен родител, ментор и идол.

„Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот“ – вели Дамјан и додава: „Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележителни, па планирам да ги оживеам“ – открива тој.

Во меѓувреме полека ја гради сопствената кариера продолжувајќи го патот на татко му, како фолк пејач кој во своите песни длабоко ја негува традицијата, но и и голем патриот и родољуб кој како и покојниот Војо, бескрајно ја сака својата татковина, Македонија!

Дамјан пред две години се сврши со неговата избраничка Елена Билеска,а набргу потоа го добија и првото дете.

Во август минатата година, Дамјан стана татко на Војдан. „Сакал не сакал, тој ќе расте со музика и ќе слуша музика.А дали ќе тргне по моите стапки, рано е да се каже. Би сакал повеќе да стане свирач, за да може да ме придружува“, рече тој.

Но, она што е повторно новина во нивното семејство го сподели братучедот Влатко Миладиноски на својот Фејсбук профил.

Отворивме неделата со мекици!!Денеска се роди нашата внука Јана,ќерка на Дамјан и Ели…Да ни е жива и здрава!!!Јана е љубава. Јана е најубава. Ај да ојме Јано.

Под објавата уште веднаш се нанижаа огромен број на честитки по повод приновата во семејството Стојановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.