(ФОТО) Д-р Вело Марковски и сопругата слават – Евгенија обзнани колку време се заедно

  • By klaster3
  • септември 16, 2022
  • 0
  • 329 Views

Инфектологот Вело Марковски долги години важи за еден од врвните стручњаци во својата област уште од времето на некогашна Југославија. На македонската јавност и стана познат со своите излагања, видувања, стручни анализи, препораки по појавата на вирусот.

Како еден од најстручните инфектолози и искусен професор, тој често гостуваше во медиумите, а неговите емисии предизвикаа внимание и надвор од нашата држава.

Добро познато е дека Вело Марковски е во брак со својата помлада сопруга Евгенија Николовска – Марковска со која имаат две деца – син и ќерка.

Д-р Марковски и сопругата Евгенија се добро познат пар во јавноста, но и најозборуван најмногу поради разликата во годините меѓу брачните партнери.

Меѓутоа, тоа воопшто не допира до нив затоа што тие двајца се сакаат, почитуваат и покрај вообичаените коментари тие уште посилно ја докажуваат нивната врска.

– Без никакви очекување ја започнавме врската и не очекувавме дека ќе заврши врската со брак и со деца. Најмногу ме осови неговиот однос кој е грижлив, изјави Евгенија во една прилика за Бекстејџ.

– Има многу предрасуди во опшеството кој се наметнати од религијата. Проблем е бидејќи имаше и има уште дофрлување без да се знае суштината, секоја врска си е посебна.

– Клучот на успешен брак е толеранција и почитување и љубов, во одреден сегмент од животот една од овие три работи може да ги заборавите но потоа да ги надокнадите, завршува доктор Марковски.

Убавата Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина.

Откако младата убавица и професорот нивната љубов ја крунисаа со брак, сега имаат син и ќерка, а Евгенија покрај дипломирањето се стекна и со титулата магистер.

Понежната половина на Вело Марковски е доста актуелна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде што често споделува фотографии.

Така и овојпат, на Инстаграм сподели фотографија од свадбата со убав повод за кој напиша: „Среќна годишнина. 5 години“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.